Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот маченик Мамант

Шеталиште 15/09/2025 06:24
crkva-1-1

Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто Ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште, Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните. Незнабошците не ги штедеа ниту христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди, та го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но, Ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу до Кесарија. Овде тој живееше во самотија и во молитва. Од неговата светост се припитомуваа дивите ѕверови. Најпосле, и тука беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободоа со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (15.09.2025)
Следно: Денеска и утре, втор уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола

Поврзани вести

607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

Шеталиште 07/05/2026 11:23
blato
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

Шеталиште 07/05/2026 11:07
sobranie
  • Македонија

100-та седница на Собранието: На дневен ред воена соработка со Турција и новиот Факултет во Битола

Шеталиште 07/05/2026 07:38
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија 20260507131408_big_730x400_72 1
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

07/05/2026 11:24
Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености 607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375 2
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

07/05/2026 11:23
На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани blato 3
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

07/05/2026 11:07
ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекин во водоснабдувањето на “Лавчански пат“ VODOVOD - BITOLA 4
  • Битола инфо

ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекин во водоснабдувањето на “Лавчански пат“

07/05/2026 10:08
Во Битола почнува првото издание на „Вински фестивал“ 20260507111626_big_730x400_23 5
  • Битола инфо

Во Битола почнува првото издание на „Вински фестивал“

07/05/2026 10:03

Можеби сте пропуштиле

20260507131408_big_730x400_72
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Шеталиште 07/05/2026 11:24
607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

Шеталиште 07/05/2026 11:23
blato
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

Шеталиште 07/05/2026 11:07
edmond-44-2048x1365-1
  • Театар

„Едмонд“ на Битолскиот театар влезе во официјалната програма на „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 07/05/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани