Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот маченик Мамант

admin 15/09/2023 00:00
светец-15-септември-e1663214043223

Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка му, откако го роди, и самата се упокои. Така, значи, остана младенецот во затворот меѓу мртвите тела на своите родители. Но, Промислителот Бог го испрати Својот Ангел кај некоја благородна вдовица Ама, на којашто Ангелот ѝ се јави во сон и ѝ рече да отиде во затворот и да го земе детето кај себе. Ама измоли дозвола од градоначалникот да ги закопа умрените, а детето го зеде во својот дом. Почна да зборува дури кога наполни пет години и првиот збор му беше „мама“. Заради ова и го доби името Мамант. На училиште, Мамант покажа необична бистрина, а бидејќи од дома беше воспитан во христијански дух, не ја криеше својата вера, туку ја исповедаше пред врсниците исмевајќи ги идолите. Во времето на царот Аврелијан имаше жестоко гонење на христијаните. Незнабошците не ги штедеа ниту христијанските деца. Мамант имаше петнаесет години кога беше изведен пред царот. Царот му рече барем на збор да се одрече од Христа, на што Мамант му одговори: „Ниту во срцето ниту со устата нема да се одречам од мојот Бог и Цар Исус Христос.“ Царот нареди, та го биеја, го гореа со свеќи и најпосле го фрлија в море. Но, Ангел Божји го спаси и го одведе на висока гора, близу до Кесарија. Овде тој живееше во самотија и во молитва. Од неговата светост се припитомуваа дивите ѕверови. Најпосле, и тука беше пронајден од гонителите и повторно подложен на маки. Откако ја победи силата на огнот и на дивите ѕверови, го прободоа со трозабецот на некој идолски жрец. Така Му ја предаде својата света душа на Бога, Кому Му остана верен во сите маки. Од неговите мошти се случија многубројни исцелувања на болни.

Continue Reading

Претходно: Стентон Градба е дел од проектот на Бехтел и Енка за Коридотор 8
Следно: МОН: Платежните картички наменети за студентски оброк се достапни за подигање

Поврзани вести

Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

Шеталиште 10/06/2026 09:10
soncevoo
  • Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Шеталиште 10/06/2026 07:28
fzom-1-750x430-1
  • Македонија

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање

Шеталиште 10/06/2026 07:27
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 1
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

10/06/2026 09:10
Девизните резерви 5,21 милијарда евра evra-pari-evra 2
  • Економија

Девизните резерви 5,21 милијарда евра

10/06/2026 07:29
Сончево и топло, попладне локален пороен дожд soncevoo 3
  • Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

10/06/2026 07:28
ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање fzom-1-750x430-1 4
  • Македонија

ФЗОМ ќе презентира податоци и измени во цените за ПАП и ХПВ тестирање

10/06/2026 07:27
Основците и средношколците ја завршија учебната година image (6) 5
  • Македонија

Основците и средношколците ја завршија учебната година

10/06/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

Naslovna MINT
  • Промо

Подарок што никогаш нема да биде погрешен

Шеталиште 10/06/2026 11:01
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Македонскиот тутун мора да се третира на највисоко ниво

Шеталиште 10/06/2026 09:10
20221230-godishen-horoskop-za-2023-godina-m
  • Астрологија

Дневен хороскоп (10.06.2026)

Шеталиште 10/06/2026 07:31
evra-pari-evra
  • Економија

Девизните резерви 5,21 милијарда евра

Шеталиште 10/06/2026 07:29

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани