Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј

admin 27/06/2024 00:00
svetiot-prorok-elisej-427x330-1

Светиот пророк Елисеј

Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го загрна со својата наметка и испроси од Бога двојна благодат за него. Елисеј веднаш си го остави домот и тргна по Илија. А кога Господ го зеде Илија на огнени кочии, Елисеј остана и ја продолжи пророчката служба со поголема сила и од онаа на Илија. Според чистотата и ревноста им беше рамен на најголемите Пророци, а според чудотворната сила што му ја даде Бог, ги надмина сите. Ја раздвои водата на Јордан како некогаш Мојсеј Црвеното Море; горчливата вода во Ерихон ја направи питка; низведе вода во ископаните ровови за време на војната со Моавците; умножи масло во лонците на бедната вдовица, го воскресна умрениот син на жената Сонамка, со дваесет лепчиња нахрани сто луѓе, го исцели од лепра војводата Нееман, низведе лепра на својот слуга Гиезиј заради неговото среброљубие, ослепи цела една војска сириска, а друга пак ја втурна во бегство, му претскажа многу настани на народот и на поединци. Се престави во длабока старост.

Тропар
Мудроста подарена одозгора, те направи пророк и пријател Господов, о Елисее, свети Божји угодниче. Не побара ни здравје, ни богатство, ни денови на животот изобилно, туку поита на Љубовта да послужиш, народ во стадо со збор да вратиш, со чудеса вера да поткрепиш, моли се за нас, предвеснику на Жртвата Жива Спасителна, да се собереме во едно стадо, со Еден Пастир, во вечни векови.

Continue Reading

Претходно: Германија: На сила стапува новиот закон за државјанство
Следно: Дневен хороскоп (27.06.2024)

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани