Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Шеталиште 02/01/2026 09:09
praznik-1

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос.

Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј.

Подоцна Игнатиј му беше ученик на свети Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Беше Антиохиски епископ и управуваше со Божјата Црква како добар пастир.

Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на светиот Игнатиј преку ангелите на небесата.

Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија, одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор.

Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десет најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот.

Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан.

Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Continue Reading

Претходно: Македонија понуди медицинска поддршка по трагедијата во Кран-Монтана
Следно: МВР: Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, приведени 132 лица за безобзирно управување на возило

Поврзани вести

dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

Шеталиште 17/01/2026 09:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег dozd-cador-1 1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

17/01/2026 09:24
Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо Screenshot_20260117_082255_Facebook 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 3
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 4
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 5
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00

Можеби сте пропуштиле

Kire-Lazarov
  • Ракомет

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Шеталиште 17/01/2026 09:27
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

Шеталиште 17/01/2026 09:24
Screenshot_20260117_082255_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Димитар Петковски 17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани