Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

admin 09/05/2025 00:00
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството Ликиниј се предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата Глафира, којашто беше на служба кај царицата. Таа и се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Беше радосна што најде прилика да си ја спаси девственоста и за ова и пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и и испраќаше пари за црковниот храм во Амасија. Но едно од овие писма од Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, нејзе и епископот. Во меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж го убија. По укажување на Божји ангел неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи и го пренесоа во Амасија, каде што чесно го погребаа во црквата што ја беше подигнал самиот.

Тропар
Тагата, маките, огнот, мечот и смртта не те разделија од љубовта Христова, тебе Василие, слуго на Бога Вишниот, пастиру на стадото словесно, и не само за време на твојот живот земен, туку и сега Он твоите молитви ги услишува, затоа непрестајно наш застапник пред Него остани до крајот на времињата.

Continue Reading

Претходно: Голд Фелициа со неповторлива викенд забава
Следно: Викенд хороскоп (09.05-11.05)

Поврзани вести

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
Komunalci
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

Шеталиште 23/01/2026 14:29
vestacka-inteligencija
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

Шеталиште 23/01/2026 14:27
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани