Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски

Шеталиште 20/06/2025 06:42
crkva-1-1

Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин горко се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар.

Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот и го исповеда пред сите својот грев просејќи од нив да му судат. Отците му рекоа тој самиот себеси да си пресуди. Тогаш рече: „Се лишувам себеси од свештеничкиот чин, за којшто не сум достоен и уште: телото по смртта да не ми се погребува, туку да се фрли на кучињата!“ Тоа го рече и изрече клетва врз оној којшто би се дрзнал да го погребе. Потоа отиде кај царот Диоклецијан, му ја фрли онаа скапоцена облека, ја исповеда својата вера во Христа и ги нагрди идолите.

Разјарен царот нареди, та го мачеа и потоа го убија надвор од градот заедно со тројцата добри мажи: Клавдиј, Кирин и Антонин. Телата на овие тројца беа веднаш погребани, а телото на папата лежеше триесет и шест дена. Тогаш свети Петар му се јави на новиот папа Маркел и му заповеда да го погребе телото на Маркелин, зашто, му рече: „Оној што се понизува себеси ќе се возвиси“.

 

Continue Reading

Претходно: ВНИМАВАЈТЕ: Ни следуваат бурни атмосферски процеси, можни се поројни поплави
Следно: ChatGPT може да креира фотографии и преку WhatsApp

Поврзани вести

fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21
NdGze-sonce-41217-1
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

Шеталиште 22/01/2026 13:19
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 2
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 3
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21
До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег NdGze-sonce-41217-1 4
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

22/01/2026 13:19
Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип grip-1 5
  • Македонија

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

22/01/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122081019_big_730x400_34
  • Занимливости

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Шеталиште 22/01/2026 13:22
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани