Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

Шеталиште 30/06/2025 10:04
crkva-1-1

Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите. Тие тогаш изјавија дека се странски поданици, дека се дојдени како пратеници на царот персиски заради воспоставувањето мир меѓу двете царства, а не за нешто друго; дека се христијани и дека сметаат за недостојно да им се поклонуваат на мртвите идоли и да им принесуваат жртви. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Утредента повторно ги изведе и почна да се препира со нив за верата, но светите браќа беа непопустливи и непоколебливи. Тогаш ги врзаа голи на дрвја и ги стружеа со железни четки. Непрестајно за време на мачењето Му се молеа на Бога, благодарејќи Му за маките: „Најсладок Исусе, овие маки ни се слатки заради љубовта Твоја!“ Ангел Божји им се јави, ги утеши и им ја одзеде секоја болка. Наспроти сите меѓународни односи свирепиот цар Јулијан најпосле изрече пресуда овие тројца браќа да бидат убиени со меч, па настана голем земјотрес, земјата се расцепи и ги прими телата на Светите маченици во себе, за да не бидат запалени од незнабожците по наредба на царот. Отпосле земјата ги исфрли телата на мачениците, па беа најдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случија многубројни чуда, коишто мнозина од незнабожците што ги видоа ги приведоа кон христијанската вера. Кога царот персиски дозна дека Јулијан Отстапник нечовечно ги предаде на смрт неговите делегати, спреми војска против него. А Јулијан Отстапник се крена на Персиското царство, уверен во својата победа. Но беше срамнет и поразен, и самиот загина срамно, на радост и за смеа на целиот свет.

Тропар
По број еднаков со оној на Пресвета Троица, Мануиле, Савле и Исмаиле, по духот на слогата – дијамант неронлив, желбата, волјата и разумот, подигнати кон Небесата, примија вест дека од небитие кон битие Бог нe привел, а Себе во тело човеково се сместил, вашите тела да поминат низ оган ги предадовте, душите кон Љубовта ги приведовте, молете се за нас, о свети маченици, чиј глас одекнува низ вселената: и телото да ми изгори, ако љубов немам, ништо не сум.

Continue Reading

Претходно: Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп
Следно: Поевтинуваат сите горива

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани