Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Шеталиште 07/02/2026 08:39
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона.

Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено значајно е неговото дело „Беседа за Света Троица.“ Пишуваше и против еретикот Македониј, којшто учеше искривено за Светиот Дух (како Духот да е Божјо создание) и против Аполинариј, којшто учеше искривено за Христос дека немал човечка душа, туку дека Неговото Божество му било наместо душа. Пишуваше и против царот Јулијан Отстапник, неговиот некогашен школски другар.

Во 381 година, кога во Соборот настана расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој се повлече самиот, откако рече: „Не можат да нѐ лишат од Бога оние што нѐ лишуваат од престолот“. Потоа го напушти Цариград, отиде во Назијанз и таму до смртта поживеа во повлеченост, молитва и пишување корисни книги.

Иако беше со слабо здравје цел живот, сепак доживеа осумдесет години. Моштите подоцна му ги пренесоа во Рим, а главата му се наоѓа во Успенскиот Собор во Москва. Беше и остана прекрасно светило на Православната Црква, како по кротоста и чистотата на карактерот така и по ненадминливо длабокиот ум. Се упокои во Господ во 390 година.

 

 

 

Фото: Архива

Continue Reading

Претходно: Првата личност во светот што ќе ја прими руската вакцина против рак ќе биде од Србија
Следно: Измамена битолчанка, со сопругот дале 7000 евра за наводна повреда на внука и во сообраќајна несреќа

Поврзани вести

FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48
FotoJet-2026-07-14T152445.168
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

Шеталиште 15/07/2026 07:45
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани