Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек, во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во VI век.
Денеска се празнува Свети Партениј, епископ Лампсакиски

- Тагови vesti денеска се празнува св. партениј
Leave a Comment
Поврзани
-
Денеска празник на виното и на љубовта – се слават Св. Трифун и Св. Валентин
Од Setaliste пред 15 часа -
Заболени 11.600 лица, 2.880 нови случаи за една недела
Од Setaliste пред 19 часа -
-
Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
Од Setaliste пред 20 часа -
Денеска е Свети Трифун: Еден обичај не се прескокнува, а еве каква година нè очекува
Од Setaliste пред 20 часа -
Прославете го празникот на виното во Голд Фелициа!
Од Setaliste пред 2 дена