Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува Св. апостол и евангелист Марко

Шеталиште 08/05/2026 06:41
08-050

у беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот.

Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Египет. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Египет.

Египет беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Либија, Амоникија и Пентапол.

Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабошците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклонска вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело.

После две години, Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фатија незнабошците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи:

„Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави Ангел небесен и го храбреше и го крепеше.

Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“

Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните.

Низ вековите им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите.

 

 

 

 

 

 

 

denovi.mk

Continue Reading

Претходно: Денеска облачно време со врнежи од дожд
Следно: Дневен хороскоп (08.05.2026)

Поврзани вести

Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

Шеталиште 15/06/2026 09:04
Moj-DDV-naslov
  • Македонија

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Шеталиште 15/06/2026 08:44
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16
Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово Bebe 3
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

15/06/2026 12:14
Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 4
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

15/06/2026 11:25
Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра 854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648 5
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

15/06/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

Шеталиште 15/06/2026 12:16
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани