Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се празнува спомен на чудата на Свети Архангел Михаил

Шеталиште 19/09/2025 07:02
19-090

Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Јерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Јерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа, ова пророштво се исполни, се отвори извор кој заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.

Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага. Но, во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави. Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, кој на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани.

Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш светиот Архангел Михаил.“

Оној човек направи така, се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува. Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил. Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во строг подвиг на пост и молитва.

Незнабошците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од христијанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ. Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот.

Меѓутоа, откако Архип се помоли, повторно се јави светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) затоа што реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.

Continue Reading

Претходно: За прв пат во јавноста, виртуелната министерка од Албанија им се обрати на пратениците
Следно: Србија воведува задолжителен воен рок

Поврзани вести

img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
shkendija-1-2-1536x1077
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

Димитар Петковски 04/09/2026 20:56
fzom-1
  • Македонија

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

Шеталиште 04/09/2026 09:38
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43
Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август 68997 5
  • Економија

Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

04/09/2026 09:40

Можеби сте пропуштиле

skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52
IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани