Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска се празнуваaт чудата на Светиот Архангел Гаврил: Вие треба да направите добро дело, а светецот се вели дека вака ќе ви врати

admin 26/07/2024 00:00
20240725120945

Денеска е Свети Архангел Гаврил, празник меѓу народот познат и како летен Архангел. За овој ден се врзуваат многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Треба да споделуваме се’ што имаме со блиските, бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се да направите некое добро дело, нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.

Именден празнуваат Гаврил и Габриела.

Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Според една подоцнежна легенда, тој е и неименуваниот ангел во Откровението кој дува во труба за да го најави Судниот Ден.

Во Македонија, во еднокорабниот храм над селото Горбиново (Курбиново), изграден во 12 век во 1191 година се наоѓа светски познатата олтарна фреска на Синиот Ангел (Архангел Гаврил) според мислењето на врвни историчари на уметноста е прапочетокот на европската сликарска ренесанса, дури два века пред пионерите, италијанските ренесансни мајстори Џото и Фра Анџелико.

На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“. Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на Архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеја кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему Архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата Битие; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захарија и го извести за раѓањето на свети Јован Претеча и за казната на немост што ќе го постигне свети Захарија затоа што не им поверува на зборовите на Архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој Архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

Continue Reading

Претходно: Сончево и ветровито, температури до 35 степени
Следно: МВР: Делницата Прилеп – Крушево да не се користи за сообраќај на 1 и 2 август

Поврзани вести

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај milevski-ffm-1536x1024 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

04/12/2025 12:08
Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

04/12/2025 07:29
Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози Soobrakjaj 3
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

04/12/2025 07:27
Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование sobranie 4
  • Вести
  • Македонија

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

04/12/2025 07:27
ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата dksk 5
  • Вести
  • Македонија

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

04/12/2025 07:26

Можеби сте пропуштиле

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
IMG_4351
  • Култура
  • Настани

Гости од Вуковар за Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола

Шеталиште 04/12/2025 07:33
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани