Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денеска се прославува Рамазан Бајрам

admin 10/04/2024 00:00
ramazan

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце.

Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан бајрам се слави три дена.

Честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи.

„Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме: во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции“, вели во честитката Фетаи.

Честитки за празникот упатија и претставниците на државниот врв и лидерите на политичките партии.

Претседателот Стево Пендаровски рече дека не само во претстојните три дена, туку и во текот на целата година да живееме во мир и во хармонија, да бидеме солидарни, исполнети со среќа и со радост.

„Сите сплотени да споделуваме со нашите ближни, со нашите поблиски и подалечни соседи визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина“, рече Пендаровски.

Премиерот во техничката Влада Талат Џафери рече дека како политичари ќе го поддржат градењето на заедничката држава.

„Исполнувајќи ги правата и обврските на секоја заедница, за продолжување на успешната приказна на мултиетничка држава во регионот, која во ова време на глобалните предивици се покажа како исклучително неопходна за семејството на европските држави“, рече Џафери.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека Рамазан бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.

„Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму затоа со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави“, рече Ковачевски.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години.

Continue Reading

Претходно: Работнички од Непал, кои работеле во фирма во Прилеп, не се вратиле во куќата во која престојувале
Следно: Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник

Поврзани вести

ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
20260909200040_big_730x400_56
  • Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

Шеталиште 10/09/2026 07:02
Soncevo_0-1
  • Македонија

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд

Шеталиште 10/09/2026 07:02
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 1
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05
Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис 20260909172901_big_730x400_48 2
  • Балкан

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис

10/09/2026 07:03
Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси 20260909200040_big_730x400_56 3
  • Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

10/09/2026 07:02
Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд Soncevo_0-1 4
  • Македонија

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд

10/09/2026 07:02
ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола cuk-383711 5
  • Македонија

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола

10/09/2026 07:01

Можеби сте пропуштиле

ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
20260909172901_big_730x400_48
  • Балкан

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис

Шеталиште 10/09/2026 07:03
20260909200040_big_730x400_56
  • Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

Шеталиште 10/09/2026 07:02
Soncevo_0-1
  • Македонија

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд

Шеталиште 10/09/2026 07:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани