Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се слават Преподобен Сампсон странопримец и Праведна Јоана мироносица

Шеталиште 10/07/2025 07:18
image-232770

Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош за беспомошните, и духовна и телесна. Патријархот чу за добродетелите на овој човек и го ракоположи за свештеник.

Во тоа време се разболе царот Јустинијан Велики и неговата болест, според уверувањето на сите лекари, беше неисцеллива. Тогаш царот Му се помоли на Бога со голема усрдност и Бог му откри во сон дека Сампсон ќе го исцели. Навистина, кога дозна царот за Сампсон, го повика на дворецот и само што старецот ја стави раката на болното место, царот оздраве. Па кога царот му нудеше големо богатство за ова, Сампсон се заблагодари, не сакајќи ништо да прими, а рече: „О цару, имав јас и злато и сребро и други имоти, но сè оставив заради Христа, за да ги стекнам вечните небесни богатства“. Но, бидејќи царот настојуваше сепак да стори нешто за него, Свети Сампсон го замоли да му изгради дом за ништите. Во тој дом Сампсон им служеше на сиромасите како родител на своите деца. Милоста кон сиромасите и немоќните му беше како природна. Најпосле овој свет човек, сиот исполнет со небесна сила и добродетел, се упокои мирно на 27 јуни 530 година. Го погребаа во црквата на светиот маченик Мокиј, неговиот роднина. Откако се упокои, многупати им се јавуваше на оние што го повикуваа на помош.

Јоана е жена на Хуза, дворјанин Иродов (Лука 8, 1). Кога му ја отсече главата на Свети Јован Крстител, Ирод ја фрли на нечесно место. Јоана ја зеде главата на Крстителот и чесно ја погреба на Елеонската Гора, на еден Иродов имот. Дури во времето на царот Константин Велики се откри чесната глава на светиот Претеча Јован. Света Јоана се спомнува и како присутна при страдањето и Воскресението на Господ. Мирно се упокои.

Continue Reading

Претходно: Активни девет пожари, под контрола четири
Следно: Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Поврзани вести

IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
pozar2-960x540-1
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

Шеталиште 14/08/2026 11:27
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани