Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21
image-253611

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците.

Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но, царот го занемари старецот и го продолжи патот.

Утредента пак истрча Исакиј пред царот и му ја повтори својата опомена и царот за малку што не го послуша старецот, но го спречи еден советник од аријанците. Третиот ден истрча Исакиј пред царот, го фати неговиот коњ за уздата и го молеше царот да и даде слобода на Црквата Божја и му се закани со казна Божја ако ѝ се спротиви на молбата негова. Разјарен царот нареди и го фрлија старецот во некоја каллива јама.

Четвртиот ден излезе Исакиј пред царот и му претскажа грозна смрт ако не им даде слобода на православните: „Ти велам, царе, ќе ја одведеш војската против варварите, но нема да им одолееш, ќе побегнеш пред нив, но тие ќе те фатат и жив ќе те изгорат.“

Така и се случи. Варварите ја покосија грчката војска како трева, а царот побегна со оној свој советник аријанец и се скри во една колиба. Вараварите стигнаа на тоа место и дознавајќи каде е царот ја опколија онаа колиба и ја запалија, та изгоре царот Валент со својот советник.

Потоа се зацари царот Теодосиј Велики, којшто чу за Исакиј и за исполнетото пророштво. Овој цар го повика кај себе старецот и му се поклони. Откако мирот се зацари во Црквата, а аријанците беа протерани, Исакиј сакаше да се врати во својата пустина, но царот го замоли да остане во Цариград.

Еден големец, Сатурнин, му изгради обител во којашто старецот до смртта се подвизуваше чинејќи многубројни чуда. Обителта се наполни со монаси и стана голем манастир. Пред својата смрт Исакиј го одреди за игумен Далмат, а по него оваа обител се нарече Далматска.

Богоугодниот старец Исакиј се пресели во вечноста, во 383 година, за да се насладува гледајќи го лицето Божјо.

Continue Reading

Претходно: Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)
Следно: Законот за оружје пред пратениците

Поврзани вести

zesko-sonce
  • Вести
  • Македонија

Високи температури денес, утре локално нестабилно време

Шеталиште 11/07/2026 07:27
Kujna Rustika Veding Hol
  • Вести
  • Македонија

Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција – конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

Шеталиште 10/07/2026 13:33
Aleksandar-Nikoloski
  • Македонија

Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот

Шеталиште 10/07/2026 09:38
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани