Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денеска се слави Светата маченичка Христина

Шеталиште 06/08/2025 06:55
image-234368

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за да им принесува жртви секојдневно.

Но, на таа млада душа и беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Кој го виде нејзиниот копнеж по вистината, ѝ испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска лутина кај татко ѝ. Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но, таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му.

Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија измачувањето на светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов среде народот. Неговиот наследник Јулијан ѝ ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе.

Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во третиот век.

 

Continue Reading

Претходно: На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување
Следно: Три хоропски знаци од денес стануваат побогати

Поврзани вести

Aerodrom-skopje
  • Македонија

Николоски: Македонските аеродроми лидери во регионот – Скопскиот бележи раст од 32% во однос на лани

Шеталиште 18/04/2026 08:24
soncevo
  • Македонија

Времето денеска сончево со силен ветер, од понеделник пресврт

Шеталиште 18/04/2026 08:22
sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонски маратонец, Дарио Ивановски имаше одличен настап на маратонот во Белград FB_IMG_1776600010788 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Македонски маратонец, Дарио Ивановски имаше одличен настап на маратонот во Белград

19/04/2026 12:01
ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео) 2345432 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео)

18/04/2026 15:40
Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода 07_spirovski-stefan_pelister-1536x1081 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тренерот на ФК Пелистер: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

18/04/2026 11:48
Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија Screenshot 2026-04-18 112601 4
  • Свет

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

18/04/2026 10:43
Николоски: Македонските аеродроми лидери во регионот – Скопскиот бележи раст од 32% во однос на лани Aerodrom-skopje 5
  • Македонија

Николоски: Македонските аеродроми лидери во регионот – Скопскиот бележи раст од 32% во однос на лани

18/04/2026 08:24

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1776600010788
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Македонски маратонец, Дарио Ивановски имаше одличен настап на маратонот во Белград

Димитар Петковски 19/04/2026 12:01
SS5_9965
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.04.2026)

Шеталиште 18/04/2026 15:55
2345432
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер ја победи Македонија Ѓорче Петров во Битола (Видео)

Димитар Петковски 18/04/2026 15:40
9
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.04.2026)

Шеталиште 18/04/2026 15:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани