Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде…

admin 24/05/2024 00:00
denes-e-sveti-kiril-i-metodij-srekjen-imenden-kiril-kire-metodija-mende-01

На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј. На денешен ден именден празнуваат Кирил, Кире, Киро, Методиј, Мето, Менде…

Свети Кирил и Методиј се слави како ден на словенската писменост и култура кај нас, но и во Русија, Украина, Бугарија, Словачка, Чешка…

24-ти мај има големо значење за нас Македонците, пред сѐ како ден кога се слават првите словенски просветители и учители, а црковно светите браќа уште се нарекуваат и „рамноапостолни“.

Односно, се смета дека се рамни на апостолите во поглед на ширењето на христовата вера и религија.

Солунските браќа ја создадоа првата словенска азбука наречена „глаголица“, која имала 38 букви, превеле голем број црковни книги од грчки на словенски јазик, а оставиле огромно влијание врз ширењето на писменоста и воопшто на христијанството меѓу словенските народи.

На повик на царот Ростислав, тие заминале во Моравија каде ја распространиле и ја утврдиле христијанската вера, па ги умножиле книгите и им ги дале на свештениците да ја подучуваат младината.

Подоцна, на повик на папата заминале во Рим, каде Кирил се разболел и починал (на 14.02.869 година).

Методија се вратил во Моравија, па оттаму во Охрид, каде починал на 6-ти април 885-та година.

Нивното свето дело подоцна ќе биде продолжено од нивните ученици Климент и Наум, како и голем број други.

На почетокот, Црквата одделно го празнувала споменот на светите браќа, на деновите на нивното упокојување, но подоцна било утврдено дека светите рамноапостолни браќа треба да се празнуваат во ист ден, затоа што се браќа, но и затоа што извршувале иста дејност.

Прво се размислувало овој празник да се празнува само на 6-ти април, но со оглед на тоа што најчесто овој ден се паѓа за време на строгите велигденски пости кога е забрането свечено празнување, било одлучено датумот на празникот да се промени.

Во 1863-та година, за време на празнувањето на илјадагодишнината од Моравската мисија, било одлучено празникот на сесловенските просветители да се одбележува на 11-ти мај (според стариот календар) односно 24-ти мај (според новиот).

Кај нас, во рамки на овој ден се организираат голем број културни настани, но и свети литургии во црквите и манастирите.

Свети Кирил и Методиј се слави и како куќна слава, но и како именден на оние што ги носат имињата Кирил, Кире, Киро, Методиј, Мето, Менде…

Continue Reading

Претходно: Во сабота започнува Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола
Следно: 25-то издание на фестивалот на монодрама во Битола: Славење на уметничката слобода

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани