Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес е Св. Фануриј, кој помага во исполнување на желбите – замесете лепче од 9 состојки за среќа

Шеталиште 09/09/2025 06:57
denes-e-sv-fanurij-koj-pomaga-vo-ispolnuvanje-na-zhelbite-zamesete-lepche-od-9-sostojki-za-srekja-03

Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, лепче или колач од 9 состојки (не смеат да се ни помалку ни повеќе), за среќа.

На 09.09 го славиме Свети Фануриј, великомаченик за кој се верува дека помага во исполнување на желбите.

Овој верски празник најмногу се слави низ Македонија, и во Грција, на Родос и на островот Крит.

За овој светец не се знае скоро ништо, ни во кое време живеел, ни кои му биле родителите, ниту од каде потекнува, бидејќи неговото житие се изгубило.

Според едно предание, кога Османлиите го зазеле островот Родос, почнале со обновување на разурнатите тврдини.

Камења носеле од блиските урнатини, каде откриле остатоци од црква и во неа мноштво икони, сите оштетени, само една била цела и личела како да е скоро сликана, а на неа пишувало Свети Фануриј.

Според друго предание мајката на Свети Фануриј била блудница и грешница, а младиот светец го го молел Господ за нејзино спасение и ветил дека ќе им помага на сите што ќе се молат да спасение на неговата грешна мајка.

На иконите, Фануриј е насликан како млад војник кој држи свеќа и крст.

Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, колач/погача/лепче од 9 состојки за кое се верува дека носи среќа. Важно е што и да заместите тоа да има точно 9 состојки, ни помалку ни повеќе.

Многумина велат дека не мора ни да мерите конкретно што и колку ставате – сè додека имате 9 состојки, колачот ќе излезе одличен.

Се верува дека тој што го меси лепчето треба да му се помоли на светецот додека меси, а Св. Фануриј ќе ви помогне во исполнувањето на желбата.

За фанурија постојат бројни рецепти. Некои месат класично лепче со семиња, други благ колач.

Еден од рецептите за фанурија, можете да го пробате уште денес:

Потребни состојки:

  • 350g брашно
  • 250ml кисела вода (или Фанта)
  • 250ml сок од портокал (и рендана кора од портокалот)
  • 150g суво грозје
  • 120g шеќер
  • 1 филџанче масло
  • 1 лажиче цимет
  • 1 прашок за печиво
  • 150g ореви

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во длабок сад и од нив се замесува колачот.
  • Тестото се остава да постои малку, па се премачкува со вода или масло.
  • Се пече на 200 степени околу 30 минути (или додека да биде готов и добие убава боја).

Continue Reading

Претходно: Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Евија
Следно: Дневен хороскоп (09.09.2025)

Поврзани вести

img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
shkendija-1-2-1536x1077
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

Димитар Петковски 04/09/2026 20:56
fzom-1
  • Македонија

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

Шеталиште 04/09/2026 09:38
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43
Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август 68997 4
  • Економија

Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

04/09/2026 09:40
ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени fzom-1 5
  • Македонија

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

04/09/2026 09:38

Можеби сте пропуштиле

img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
shkendija-1-2-1536x1077
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

Димитар Петковски 04/09/2026 20:56
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

Шеталиште 04/09/2026 09:43
68997
  • Економија

Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

Шеталиште 04/09/2026 09:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани