Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес и утре прв уписен рок на УКИМ, има место за 9.719 бруцоши на 23 факултети

Шеталиште 19/08/2025 07:34
image-235142

Денеска и утре (19 и 20 август) е првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за академската 2025/2026 година.

Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.

Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ (590).

Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Вториот уписен рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025.

Continue Reading

Претходно: Две жртви во тешка сообраќајка на патот Битола – Ресен – загинаa 52-годишен битолчанец и 20-годишно момче од Охрид
Следно: Уписите на УКЛО Битола започнуваат со промоција на значајни научни резултати – одобрени научни проекти од МОН

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани