Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина и тоа од северозапад преку алпскиот регион, во Македонија денес (понеделник 4 август) ќе се формираат фронтални и големи влажни бранови и грмотевични конвективни облаци од кои во поголем дел од земјата се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни и ќе наврнат над 20/25 литри дожд на метар квадратен.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре и во вторник на повеќе места времето ќе биде ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

