Охрид деновиве е домаќин на 10-то јубилејното издание на атлетскиот викенд – „Охрид трчат“, која е најмасовната спортска манифестација во градот покрај охридското езеро.
Организаторите преку социјалните мрежи ги повикаа претходно сите вљубеници во атлетиката и трчањето од цела Македонија да присуствуаат денес на 21 км и 5км трка. Од „Охрид трчат“ порачаа дека настанот прерасна во платформа за промоција на спортот, здравите навики, волонтерството, туризмот и пријателството.

Тадиционалната ноќна трка од 2 км годинава која е посветена на компанијата „Костал Македонија“,се одржа на отварањето во петокот на 5-ти Јуни.

