Прилеп викендов беше домаќин на уште едно големо спортско доживување – традиционалната трка „Че трчаме 2025“. Над 900 учесници од сите возрасни категории и од различни градови ја почувствуваа енергијата на спортот, дружењето и здравиот живот.
Со трката, која полека станува препознатлив спортски бренд на градот, улиците на Прилеп се претворија во вистинска патека исполнета со насмевки, адреналин и аплаузи од бројната публика. Настанот покажа дека љубовта кон спортот и заедништвото немаат граници – од најмладите до највозрасните, сите трчаа со ист ентузијазам.
Организаторите упатија благодарност до учесниците, волонтерите и граѓаните кои со својата поддршка придонесоа трката да помине во одлична атмосфера и да остане запаметена како уште едно успешно спортско издание на „Че трчаме“.
Прилеп уште еднаш потврди дека е град на спортот и заедништвото – со ветување дека и следната година ќе се трча уште и уште поголем број и подобро.

