Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

Шеталиште 17/04/2026 07:22
sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044

Источен Петок или Балаклија се вика првиот петок по Велигден. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник.

Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“, посветен на Пресвета Богородица, во близината на Цариград. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики (5 век).

Традицијата на овој празник потекнува од чудотворниот извор во близина на Цариград, наречен „Животодавен источник“.

Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести. Меѓу нив бил и подоцнежниот цар Јустинијан Први (6 век), кој примајќи исцеление на тој извор, го обновил и проширил храмот кој бил срушен по земјотресот. Царевите Василиј Први Македонец (9 век) и неговиот син Лав Шести Мудриот (9-10 век) повторно го обновувале храмот и изворот, од кои се точеле голем број исцеленија за народот и византиската аристократија. Во синаксарот на овој празник се спомнуваат многубројните исцеленија, но и воскресението на еден мртовец, како чуда кои се случиле на храмовиот извор.

Поради верувањето дека Богородица му ги миела раните на Исус, откако бил распнат на крстот, денеска граѓаните масовно ги посетуваат изворите, мијат лице и очи, верувајќи во нивната исцелителна моќ. Празникот најчесто се одбележува во црквите кои се наоѓаат во близина на ајазми (свети извори).

Continue Reading

Претходно: Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран
Следно: Дневен хороскоп (17.04.2026)

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Светиот апостол Јаков

Шеталиште 13/05/2026 07:36
dozd-cador-1
  • Македонија

УХМР најавува пороен дожд и пад на температурите

Шеталиште 13/05/2026 07:32
станови зграда
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Шеталиште 12/05/2026 12:04
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Цената на нафтата продолжува да расте gorivo-pumpa-750x350-2 1
  • Економија

Цената на нафтата продолжува да расте

13/05/2026 09:38
Денеска се слави Светиот апостол Јаков Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Денеска се слави Светиот апостол Јаков

13/05/2026 07:36
УХМР најавува пороен дожд и пад на температурите dozd-cador-1 3
  • Македонија

УХМР најавува пороен дожд и пад на температурите

13/05/2026 07:32
Грам злато денес чини 128 евра 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 4
  • Економија

Грам злато денес чини 128 евра

13/05/2026 07:31
Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот 9876546789 5
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

12/05/2026 20:51

Можеби сте пропуштиле

gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Цената на нафтата продолжува да расте

Шеталиште 13/05/2026 09:38
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Светиот апостол Јаков

Шеталиште 13/05/2026 07:36
dozd-cador-1
  • Македонија

УХМР најавува пороен дожд и пад на температурите

Шеталиште 13/05/2026 07:32
2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1
  • Економија

Грам злато денес чини 128 евра

Шеталиште 13/05/2026 07:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани