Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес се празнува Светиот пророк Илија

Шеталиште 02/08/2025 09:22
sv-ilija-503x460

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината, та во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Јерусалим, додека Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела, затоа што тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Згора на тоа, Језавела, која беше Сиријка, го наговори мажот и да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред смртта го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

Continue Reading

Претходно: Одбележување на најголемиот македонски празник Илинден
Следно: 54. Семакедонска средба во Трново

Поврзани вести

IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

Шеталиште 07/05/2026 11:23
blato
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

Шеталиште 07/05/2026 11:07
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ IMG_3256 1
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

07/05/2026 20:24
Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961! IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

07/05/2026 20:12
Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија 20260507131408_big_730x400_72 3
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

07/05/2026 11:24
Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености 607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375 4
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

07/05/2026 11:23
На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани blato 5
  • Македонија

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани

07/05/2026 11:07

Можеби сте пропуштиле

IMG_3256
  • Вести
  • Македонија

30 години европски пат: Засилена порака за реформи и членство во ЕУ

Шеталиште 07/05/2026 20:24
IMG-889265e5640e1769ee32c3979bf350e6-V
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шампионот Еурофарм Пелистер постигна само два гола во 17 минути, во убедливиот пораз од Вардар 1961!

Димитар Петковски 07/05/2026 20:12
20260507131408_big_730x400_72
  • Економија

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Шеталиште 07/05/2026 11:24
607067417_1170274645283061_8904578424754514794_n-750x375
  • Македонија

Ден на македонската полиција: МВР го одбележува денот со свечености

Шеталиште 07/05/2026 11:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани