Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Антим

Шеталиште 16/09/2025 06:31
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана,… имаше љубов кон сите, мир со сите; благоразумност покрај с ? , ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на лутото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 28 декември). Тоа се случи во времето на архиерејството на Антим. Но гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Свети Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да и побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв. Едно од неговите писма до христијаните во затворот го фатија и му го предадоа на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот проѕорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив. Патем војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго измачуван, а најпосле убиен. Го прослави Господа и се упокои во Него во почетокот од 4 век.

Тропар
Радувај се, роде човечки, радувај се, Никомидија, ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе, преку неа врати ќе се отворат, за ангели земни кон небеса да восходат. Антиме, Христов епископе, ти кој на Бога непрестајно за сe благодариш, не отстапувај од Спасителот прошка да измолиш, за сите оние кои тебе те повикуваат.

Continue Reading

Претходно: Времето денес претежно сончево и топло време
Следно: Дневен хороскоп (16.09.2025)

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани