Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес се празнува Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Шеталиште 13/10/2025 06:25
crkva-1-1

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена, Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но, кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го убие. Но, Бог го сочува жив светиот Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра, пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат, Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.

Continue Reading

Претходно: Облачно со сончеви периоди, од среда дожд
Следно: Во Битола пријавени за гласање 141 болни и немоќни лица

Поврзани вести

Screenshot_20261117_093659_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија го доживеа шестиот пораз во Лигата на нации, поразена дома од Словенија

Димитар Петковски 17/11/2026 08:38
20261117090348_big_730x400_2
  • Македонија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10

Шеталиште 17/11/2026 08:18
Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2
  • Македонија

Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45

Шеталиште 17/11/2026 08:12
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Младите преку проектот „Локални активни платформи“ активно учествуваат во создавањето на иднината на Битола Младите преку проектот „Локални активни платформи“ активно учествуваат во создавањето на иднината на Битола 1
  • Вести
  • Битола инфо

Младите преку проектот „Локални активни платформи“ активно учествуваат во создавањето на иднината на Битола

17/11/2026 10:34
Битолчанец возел со 1,60 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе Битолчанец возел со 1,60 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе 2
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец возел со 1,60 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

17/11/2026 10:14
В четврток, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи третиот форум за креирање на буџетот за 2027 година В четврток, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи третиот форум за креирање на буџетот за 2027 година 3
  • Вести
  • Битола инфо

В четврток, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи третиот форум за креирање на буџетот за 2027 година

17/11/2026 10:05
Обвинителството бара притвор за битолчанецот што избегал од полициска станица Обвинителството бара притвор за битолчанецот што избегал од полициска станица 4
  • Вести
  • Битола инфо

Обвинителството бара притвор за битолчанецот што избегал од полициска станица

17/11/2026 09:08
Панел дискусија на УКЛО: Како да се искористат можностите на вештачката интелигенција за подобар регионален развој? Панел дискусија на УКЛО: Како да се искористат можностите на вештачката интелигенција за подобар регионален развој? 5
  • Вести
  • Битола инфо

Панел дискусија на УКЛО: Како да се искористат можностите на вештачката интелигенција за подобар регионален развој?

17/11/2026 08:53

Можеби сте пропуштиле

Младите преку проектот „Локални активни платформи“ активно учествуваат во создавањето на иднината на Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Младите преку проектот „Локални активни платформи“ активно учествуваат во создавањето на иднината на Битола

Васка М.Младеновска 17/11/2026 10:34
20261117103916_big_730x400_68
  • Занимливости

Белгиски пекар направи џиновски меден колач во форма на Свети Никола

Шеталиште 17/11/2026 10:34
NASLOVNA
  • Промо

Подготвен ли си да возиш нов Peugeot? – Со МИНТ секогаш добиваш!

Шеталиште 17/11/2026 10:27
Битолчанец возел со 1,60 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе
  • Вести
  • Битола инфо

Битолчанец возел со 1,60 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

Васка М.Младеновска 17/11/2026 10:14

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани