Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Денес се празнува Свети маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул

Шеталиште 01/07/2025 06:51
Svekji-Crkva-2_1000x666-1

Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, велејќи: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикајте трипати кон небесата, ти и сите твои војници: „Боже Леонтиев, помогни ми!“ Ова свое видение Ипатиј им го раскажа на своите другари и тие сите едногласно извикаа како што ги посоветува ангелот. Ипатиј одеднаш оздраве. Ова чудо ги восхити сите, а особено еден од нив по име Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул отидоа напред, да го најдат војводата Леонтиј. А Леонтиј ги прими убаво и ги нагости.

Кога им ја изложи својата вера во Христа, нивните срца се разгореа со љубов кон Него, и во тој час светол облак се спушти над Ипатиј и Теодул и од облакот падна на нив роса. Со ова Самиот Дух Божји ги крштеваше новообратените души, а свети Леонтиј во оној миг ги изговори овие зборови: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“. Кога дозна Адријан дека и Ипатиј и Теодул станале христијани, нареди да ги бијат безмилосно, а потоа главите да им ги отсечат со секира. Такво беше кончанието на тие две духовни чеда на свети Леонтиј. Тогаш Адријан наложи лути измачувања за Леонтиј, но тој остана непоколеблив во својата Света вера. Телото цело му го покрија со рани, но светителот усрдно Му се молеше на Бога да не го остава.

Сред најлутите маки му се јави ангел Господов и го охрабри и го утеши. Најпосле го легнаа маченикот на земја и го тепаа додека не Му го предаде својот дух на Бога. Страдањето на свети Леонтиј го виде со свои очи еден кир Нотариј, којшто сето тоа го запиша на оловни плочи, а плочите ги положи во гробот на маченикот. Свети Леонтиј пострада чесно во 73 година.

Continue Reading

Претходно: Пациент нападна полицајци во болницата во Битола – лишен од слобода 27-годишен битолчанец
Следно: Од денес забрана за движење во шумите

Поврзани вести

image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56
znamee-1
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

Шеталиште 09/10/2026 07:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани