Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
20261007181811_big_730x400_53

Десет течни дрва за прочистување воздух се поставени во школите во Општина Кавадарци, информираше иноваторот, професор доктор Димитрија Ангелков од Кавадарци.

– Вкупно производство на три метри кубни кислород на ден и 72 метри кубни на ден прочистен воздух. Секој месец произведени 1.600 литри течно органско ѓубриво. Проектот е поддржан од УНДП, Европска комисија и Општина Кавадарци – вели Ангелков, кој работи како професор по стручни предмети, во средното електромашинско училиште.

Професорот, претходно појасни за МИА дека всушност, станува збор за евтина инсталација од по 16 шишиња во кои се одгледува алгата хлорела вулгарис, што се храни со јаглерод диоксид, а испушта кислород, а притоа се претвора во биомаса.

– Кога ќе се презасити системот, 90 отсто од течноста се исфрла во растенија како органско ѓубриво, алгата може да се прецеди на ткаенина, да се исуши на сонце и таа може и да се јаде. Значи, алгата ја користиме сите, еве сите со години користиме спирулина – подвлече Ангелков.

Според него, ова го решава проблемот со загадувањето во просториите.

– Воздух влегува во течноста со алгата и тврдите честички од воздухот се апсорбираат во течноста, а одозгора излегува прочистен воздух. Значи, практично имаме и филтер-станица која го прочистува воздухот. После, јаглерод диоксидот се претвора во кислород. Целата инсталација изгледа убаво, може да биде како украс кога ќе светне така зелено, темно смарагдна боја, декоративно е, лесно е за одржување – вели Ангелков.

Тој порача дека вакви евтини инсталации може да се инсталираат и по дома.

– Микроалгите се со брз раст и висок капацитет за фотосинтеза, посебно оваа Може да се истурат во канализација, па потоа отпадната вода заедно со овие микроалги побрзо се распаѓа и практично правиме и прочистување на канализацијата – додаде Ангелков, кој има добиено бројни награди за иноваторство.

 

 

 

 

 

Фото: Фејсбук на Ангелков

Continue Reading

Претходно: До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари
Следно: Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани