Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

ДЕУС славеше 5 години и покажа дека хуманоста е најсилниот тренд

Шеталиште 19/11/2025 09:05
582199999_1229340262578658_1567186234866481403_n

Во рамки на роденденската недела V for DEUS, вечерта посветена на добрината ”V for VIRTUE” се издвојува како најдраг момент од целата програма.

Вечер што нè потсети на нешто едноставно, но важно: дека е убаво кога градот знае да се собере за добра причина.

Аукцијата се одржа во атмосфера која беше далеку од формална: тивка, топла и искрено човечка.

Наместо голема сцена и церемонија, DEUS создаде интимен простор во кој луѓето што се почитуваат меѓусебе, што ја ценат уметноста и креативниста и што веруваат во заедништво, се собраа со една заедничка цел: собирање на средства за купување на опрема за доброволните пожарникари.

Луѓето кои со години го чуваат она што е највредно, нашата природа. Не се платени за работата, но тука се ако затреба екстра помош.

Битолските уметници, дизајнери и креативци несебично донираа уникатни дела. Не донираа за изложба, ниту за видливост. Туку затоа што така почувствуваа.

Другата половина од приказната беа посетителите, кои на аукцијата дојдоа без наметнати очекувања, само со желба да помогнат. Ова беше тивка аукција.

Затоа и овој осврт во медиумите пристигнува со “доцнење”, затоа што добрината не бара ексклузивни објави. Таа зборува доволно силно сама по себе.

Секоја понуда што се даде во текот на вечерта беше мал гест со голема тежина. Вистинска потврда дека малите заедници знаат да покажат големо срце кога е најпотребно.

Донатори на уметнички дела и уникатни парчиња беа: Буба Солак Арт, 3/4 by Jasmina, 3xtasy, A-court и None Hybrid Minds.

Целата акција беше поддржана од КОНЕКТ, партнер кој континуирано работи на зајакнување на филантропијата и хуманите иницијативи во земјата.

И најубавиот момент? Кога се продадоа сите донирани уметнички предмети и кога стана јасно дека ова беше вечер во која Битола тивко, но силно, застана зад своите херои. Ништо со помпа, само вистински човечки чин.

581809229_24864294876575264_917447230912710984_n
581869548_1579177303094993_1840881143112331469_n
581998352_1167388281565406_8508019696630867863_n
582004529_1502407790988652_2720153188840765206_n
582035303_823802323768671_16243493429519775_n
582073995_2203663060120497_3379107317174134631_n
582102008_25368306846096874_8952160175593252818_n
582279419_778704061878180_47872561437610313_n
582279608_1904740293806015_4619443835271092544_n
582287462_1840802076800860_8524554688953815105_n
583349427_1222076592683159_8372941638550957285_n
585492445_1356234955982771_7903427058009745900_n

Continue Reading

Претходно: Македонија убедливо загуби на гостувањето во Велс
Следно: КК Пелистер: Сакаме триумф за крај во Европа, во Куманово го потврдивме нашиот квалитет

Поврзани вести

1
  • Промо

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

Шеталиште 05/12/2025 14:55
Vlatko-Stefanovski
  • Промо

Влатко Стефановски со нов инструментален албум

Шеталиште 02/12/2025 08:48
589967560_834965195840110_894134032945089206_n
  • Промо

Свесност:LIVE sessions – Машките приказни што ги отворија вратите на нова култура на разговор

Шеталиште 02/12/2025 08:43
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот Screenshot_20251208_122113_Facebook 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

08/12/2025 11:23
Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ Sv. Kliment 2
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

08/12/2025 08:29
Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род Sv. Kliment Ohridski 3
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

08/12/2025 08:27
КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 4
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани