Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

ДЗР: Бирото за метрологија неефикасно ја користело опремата за проверка на квалитетот на нафтата и нафтените деривати и покрај значително вложените средства

Шеталиште 01/09/2026 09:57
20260901103118_big_730x400_74

Неевидентирани материјални средства во деловните книги на Бирото за метрологија и пропуштена можност за проверка на квалитетот на нафтата и нафтените деривати преку мобилната лабораторија, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извршената ревизија на Бирото за метрологија за 2024 година.

Констатирани се неправилности и неусогласености во работењето на Бирото и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската
регулатива, упатства и воспоставените политики.

-Со извршената ревизија на Бирото за метрологија утврдени се слабости во спроведувањето на пописот на средствата, побарувањата и обврските со состојба на 31.12.2024 година, поради што не е обезбедено усогласување на сметководствената евиденција со фактичката состојба утврдена со попис. Констатирано е дека дел од средствата во вредност од 145.191 илјади денари, односно околу 2,3 милиони eвра, набавени во претходни години, сè уште не се евидентирани во деловните книги и Билансот на состојба на Бирото поради неизвршено примопредавање со Министерството за економија и труд, како и утврдени разлики меѓу сметководствената состојба и состојбата утврдена со попис кај основните средства во износ од 5.544 илјади денари, се вели во ревизијата.

Во текот на 2024 година, како што се посочува, Бирото набавило пломби, жигови, жиг-налепници за верификација и записници во вкупен износ од 4.266 илјади денари, од кои 646 илјади денари преку буџетската сметка 631-18 и 3.620 илјади денари преку буџетската сметка 631-13. За овие материјали не е воспоставена сметководствена и материјална
евиденција, иако истите се користат при вршењето на услугите за верификација на мерните инструменти и претставуваат основ за остварување на приходите на Бирото.

-Слабости се утврдени и во евидентирањето и наплатата со побарувањата по основ на извршени услуги. Во Билансот на состојба на 31.12.2024 година побарувањата од купувачи се искажани во износ од 40.549 илјади денари, при што кај дел од комитентите се утврдени побарувачки, односно негативни салда во износ од 11.735 илјади денари, поради што побарувањата не се реално прикажани во финансиските извештаи. Исто така, ревизијата утврди дека побарувањата по основ на издадени фактури за услуги за хомологација не се евидентираат навремено, поради што во текот на 2024
година се евидентирани побарувања во вкупен износ од 14.193 илјади денари, (од кои 10.034 илјади денари се однесуваат на сметката 631-18, а 4.159 илјади денари на сметката 631-13), од кои 2.322 илјади денари се по фактури издадени во 2023 година, а во 2025 година се евидентирани побарувања во износ од 1.477 илјади денари по
фактури издадени во 2024 година, се нагласув аво ревизијата.

Се посочува дека од услугите за верификација на мерила, калибрација на еталони и мерила, како и други услуги, Бирото во 2024 година остварило приходи во вкупен износ од 122.400 илјади денари, при што најголем дел се однесуваат на услуги за верификација на мерила.

Ревизијата утврди слабости во процесот на управување со предметите и наплатата на услугите, односно постапките се спроведуваат без донесена интерна процедура, а не се утврдени ниту рокови за распределба, контрола и одобрување на
предметите. Дополнително, од вкупно фактурираните услуги за верификација во 2024 година во износ од 182.966 илјади денари, износ од 82.092 илјади денари, односно околу 1,3 милиони евра се однесува на услуги по барања поднесени во периодот од 2018 до 2023 година, што укажува на значително доцнење во процесот на фактурирање.

Во делот „Нагласување на прашања“, ревизијата укажа и на неефикасно користење на опремата набавена за испитување на квалитетот на течните горива. Имено, Бирото во 2019 година, по одлука на Влада, набавило мобилна лабораторија
за испитување на квалитетот на нафта и нафтени деривати во износ од 37.367 илјади денари, а во 2021 година дополнително е набавена опрема во износ од 24.758 илјади денари. И покрај значајната вредност на вложените средства, во текот на 2024 година преку мобилната лабораторија не се вршени анализи, бидејќи не биле доставени барања од надлежниот Државен пазарен инспекторат со кој Бирото имало склучено договор за користење на лабораторијата.

Со ревизијата е утврдено дека Бирото нема воспоставено евиденција за издадени одобренија за тип на производ и за согласности за регистрација кои се издадени од страна на техничката служба и правното лице за технички преглед овластено за постапката за идентификација и/или идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, надлежност која произлегува од Законот за возила од причина што од страна на МВР не е воспоставен регистар на возила за внес и размена на податоци меѓу надлежните институции.

Во делот останати прашања утврдени се слабости во следењето и контролата на приходите кои Бирото ги остварува од услуги за верификација на мерила што ги вршат овластени правни лица. Имено, иако овластените правни лица имаат обврска на Бирото да му уплатат 20% од вредноста на извршените услуги, не се воспоставени јасни правила за начинот на известување, контролата на извршените услуги и роковите за уплата на средствата.

Утврдено е дека известувањето до Бирото се врши квартално, а уплатите на средствата се реализираат со задоцнување од шест до девет месеци по истекот на кварталот во кој се извршени услугите, што создава ризик од ненавремена и нецелосна наплата на приходите.

За надминување на утврдените состојби ревизијата даде повеќе препораки чие имплементирање би обезбедило надминување на причините за утврдените состојби.

Миа

Continue Reading

Претходно: „Кифи Ди“ виновен за убиството на Тупак
Следно: Мртов маж најден во дворот на битолската болница

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани