Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ДЗС потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“, се очекува нивно вклучување во гаснењето на пожарот во Неготинско

admin 12/07/2024 00:00
picture-522-660x398-1

Дирекцијата за заштита и спасување потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ и во текот на денот се очекува тие да се вклучат во гаснењето на пожарот во Неготинско, информираше за МИА директорот на ДЗС, Беким Максути.

Тој посочи дека двајцата пилоти се веќе тргнати накај аеродром и по поминување на процедурите што се потребни пред секој лет, тие ќе се упатат кон планината Серта во Неготинско.

Потпишавме договор со двајцата пилоти и за многу кратко време ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарите во Неготинско.

Пилотите се веќе тргнати накај аеродром, треба да поминат некои процедури пред да бидат спремни да летаат и за многу кратко време ќе се вклучат во гаснењето, изјави Максути за МИА.

Директорот не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени.

Во разговор за МИА минатиот месец, Максути рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300. 000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72. 000 денари е неатрактивно. – Мислам дека тоа не би требало да е предмет сега, бидејќи создаваме тензии помеѓу другите пилоти.

Она што е битно е дека истите се ангажирани, потпишан е договор со нив, вратена е оперативноста од страна на авио-одделението и тие од денеска се активни во гаснење на пожари, рече Максути.

Додаде дека договорот е потпишан до крајот на годинава, а по истекот останува Владата да одлучи, бидејќи, нагласи, дека е потребно порамнување на платите на ниво на држава.

– Договорот е потпишан до крајот на оваа година, понатаму што ќе одлучи Владата ќе видиме.

Има забрани за нови конкурси, значи штом имаме можност да ги обновивме конкурсите за примање на нови пилоти, ќе го направиме тоа и ќе видиме дали ќе има заинтересирани.

Пред се, треба да биде регулиран нивниот статус во однос на примањата, потребно е порамнување на платите на ниво на држава.

Тоа е се уште проблем, бидејќи треба на повисоко ниво да се решава, рече Максути.

Continue Reading

Претходно: Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени
Следно: Петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе имаат шанса веднаш да се вработат во здравството, најави Таравари

Поврзани вести

06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани