Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ДИК: Измени на Годишниот план за јавни набавки за подготовка за претстојните локални избори

Шеталиште 12/06/2025 12:40
DIK Sednica 12.06.2025

Државната изборна комисија, денеска ја одржа 125-тата седница на која членовите на комисијата ја разгледаа и усвоија одлуката за измена на Годишниот план за јавни набавки во пресрет на претстојните локални избори. Членовите на ДИК едногласно ги изгласаа и усвоија и решенијата за утврдување на пописите на избирачките места во неколку скопски општини и Радовиш.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека измената на годишниот план за јавни набавки се однесува на тековно работење во пресрет на изборите.

Членот на ДИК, Ангелчо Ристов рече дека измените се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија и се однесуваат на набавка на лиценци за опремата на ДИК, опфатени во делот на организирање и спроведување на локалните избори.

– Во интерес само на јавноста да појасниме дека се врши измена на годишниот план за вкупните потреби за јавните набавки за 2025 година во делот на оние набавки коишто се предвидени за редовното работење на Државната изборна комисија, односно се менува очекуваниот почеток за отпочнување на набавката, проценетата вредност и видот на набавката во делот кај што е предвидено набавка на лиценци за опремата на ДИК, односно на лиценци заменети за офис 365. Со оглед на фактот дека е утврдена потреба од зголемување на проценетата вредност, согласно реалните потреби на ДИК и согласно дејствијата коишто треба да бидат опфатени во делот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, согласно човечкиот потенцијал којшто ќе биде ангажиран за истите, предлагам оваа одлука да се изгласа и да се постапи согласно предложената содржина од страна на службата и по самата одлука како и по усвојувањето на истата, да се пристапи кон изготвување на пречистен текст на Годишниот план за јавни набавки, рече Ангелов.

На денешната седница членовите едногласно ги изгласаа и решенијата за утврдување на избирачки места во повеќето скопски општини. Како што појасни Кондарко, станува збор за решенија за утврдување на пописите на избирачките места, врз основа на надлежностите на ДИК, што е и стандардна процедура која тековно се спроведува во соработка со Државниот завод за статистика и податоците кои пристигаат од подрачни одделенија за редовно усогласување и ажурирање на избирачките места.

– Конкретно се однесува за неколку решенија во неколку општини, во неколку избирачки места: избирачко место 1585, општина Радовиш, 2915, Визбегово, општина Бутел, 2915/1, Визбегово, општина Бутел, избирачко место 2789/1 Драчево, општина Кисела Вода, избирачко место 2789, Драчево, Кисела Вода, 2835, општина Центар, избирачко место 2753, општина Аеродром, 2730/1 Аеродром, 2730 исто така Аеродром и избирачко место 2642, општина Карпош, кажа претседателот на ДИК.

На денешната седница беше изгласан и записникот од претходната седница.

Фото: Принтскрин

Continue Reading

Претходно: Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит
Следно: Марина Цветановска Мартиновска со изложбата „Празни Не(д)остатоци“ во Белград

Поврзани вести

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени 20260416124039_big_730x400_41 1
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

16/04/2026 12:20
Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија voz6-696x408-1 2
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

16/04/2026 12:18
Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 4
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 5
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40

Можеби сте пропуштиле

20260416124039_big_730x400_41
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

Шеталиште 16/04/2026 12:20
voz6-696x408-1
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

Шеталиште 16/04/2026 12:18
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани