Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Димитриевски: Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

Шеталиште 09/11/2025 13:52
Aleksandar-Dimitrevski

Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива пошироки размери.
Освен што е загрозена помошта од 128 милиони евра од ЕУ, денеска откриваме и информации кои се доставени до нас за директни врски со највисоките структури во Министерството за земјоделство, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ, која што Шеталиште ја објавува интегрално.

Меѓу петтемина осомничени во овој случај се наоѓа и Јасмина Костадинова.

Таа е поранешна посебна советничка на Цветан Трипуновски, назначена токму во моментот кога тој ја презема функцијата дополнителен заменик-министер за земјоделство.

Денес, соработничката на Трипуновски е вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство.

Од тоа произлегува јасно прашање:
Како може министерот Трипуновски да тврди дека нема никаква врска со случајот, кога во скандалот е инволвирана негова блиска и доверлива соработничка?

Бројни фотографии со Трипуновски, но и со други високи функционери на ДПМНЕ, меѓу кои Орце Ѓорѓиевски, Даниела Иротова и Игор Миќев ја потврдуваат поврзаноста и со него и со ДПМНЕ. Се е јасно тука.

Прашањето е што знаел министерот Трипуновски за корупциските зделки?

Дали тоа значи дека бил информиран за сè или делувала по негови насоки?

Од министер опкружен со изнудувачи и посредници за мито при доделување на европски средства не може да се очекува ниту развој, ниту чесна и одговорна работа во интерес на земјоделците.

За ова мора да има морална и политичка одговорност. Време е министерот Цветан Трипуновски да покаже минимум интегритет и да поднесе оставка.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
Следно: Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани