Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Шеталиште 09/12/2025 11:10
Gordana Dimitrieska Kochoska

Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата.

Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.

Димитриеска Кочоска пред пратениците рече дека очекува аргументирана и  конструктивна расправа насочена кон најдоброто решение.

Според неа, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.

– Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече министерката за финансии.

Во време на глобални неизвесности, посочи министеркатам остануваме на патот на фискална стабилност и предвидливост. Покажавме дека може рационално да се управува со јавните финансии, а истовремено да се обезбеди сигурност за граѓаните, компаниите и институциите. Буџетот за 2026 година е потврда дека економските политики ги водиме со внимание, одговорност и стратегија – без импровизации, без популизам и без краткорочни калкулации. Со овој документ продолжуваме да ја зајакнуваме довербата во институциите, да го поддржуваме приватниот сектор како двигател на растот и да градиме услови за уште посилна динамика на инвестициите – домашни и странски, рече Димитриеска Кочоска.

Во тек на расправата за буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет од околу 200 амандмани беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за: кадровско зајакнување на Оперативно-техничката агенција, реконструкција и проширување на натпатникот на патниот правец Штип–Чардаклија, отворање три психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош со комплети за прва помош и кислородни боци и реконструкција и внатрешно уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.

На почетокот на седницата на Собранието, парламентарното мнозинство прифати по скратена постапка да се донесат Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година,  како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите по скратена постапка.

Во тек е експозето на министерката за финансии по Дополнетиот предлог буџет.

Фото: Архива

Continue Reading

Претходно: МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
Следно: Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани