Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога дождот ќе премине во снег

Шеталиште 09/10/2026 05:58
sneg-sapka1-700x394-2

Македонија од утре влегува во период на нестабилно време, а во текот на следната седмица на дел од повисоките планини се очекуваат и врнежи од снег.

Според прогнозата на УХМР, утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на одредени места ќе има услови и за ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура во главниот град ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.

Поголема промена ќе започне под влијание на циклонска активност, која ќе се задржи од утре до средината на следната седмица.

Во овој период се очекуваат почести врнежи од дожд, кои локално ќе бидат и пообилни.

Особено во недела, на одредени места може да наврнат повеќе од 20 литри дожд на квадратен метар.

Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Нов пресврт се очекува во вторник, кога Македонија ќе биде под влијание на постуден воздушен бран.

Тогаш, според УХМР, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег пренесува инфомакс.

Continue Reading

Претходно: Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)
Следно: Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори

Поврзани вести

82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

Шеталиште 10/11/2026 08:01
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Шеталиште 10/11/2026 07:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 1
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 3
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57
Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола sostanok Regionalna komora Bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

10/11/2026 07:19
Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45

Можеби сте пропуштиле

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар
  • Театар

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:30
Gold Felicia Italian week
  • Промо

Вкусовите на Италија пристигнуваат во Голд Фелициа – Битола!

Шеталиште 10/11/2026 08:49
82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03
20261110081828_big_730x400_96
  • Филм

Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена

Шеталиште 10/11/2026 08:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани