Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Доделени награди на 35 талентирани ученици во Битола

admin 19/12/2024 00:00
Screenshot-2024-12-18-145930-1024x521-1

По повод Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски”, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици. Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги исполнуваат учениците за да бидат наградени од Oпштината.

Градоначалникот Коњановски на денешниот настан, најави проширување на повикот и негово специфицирање по области, согласно искуството во изминатите 3 години.

„Ми претставува посебна радост, што на овој ден, имам чест да ги наградам најдобрите од најдобрите ученици, млади луѓе кои се иднината на нашата општина и нашата држава.

Пред 3 години, кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инжинери, архитекти…

Досега спроведивме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани.

И секако, задолжената комисија за проверка на документите, секогаш ја има најтешката задача: да ги избере најдобрите од најдобрите, имајќи ги предвид критериумите зададени при изработка на јавниот повик од страна на општината во соработка со просветните работници, кои оваа година беа активно вклучени во цел процес.

Критериуимите дефинирани во јавниот повик, беа изготвени врз основа на искуства од учество на натпревари на учениците, пренесени од наставници, ментори и директори на училишта, кои беа значајна поддршка за општинската администрација во подготовката на јавниот повик.

Иако деновиве се слушна и за некоја индивидуална иницијатива и донирање средства за награда на сите ученици кои аплицирале, изразувам благодарност за предлогот, но такви активности не се потребни, затоа што општината има доволно средства за награди, но целта на повикот е да се почитуваат поставените правила и критериуми, а кон оние кои не аплицирале бидејќи не ги исполнуваат условите, да не се покаже неправедност.

Заклучоците кои ги извлековме од досегашните три повици укажуваат дека секогаш е направен најдобриот избор, согласно поставените услови, но и ни покажуваат како можеме да бидеме уште подобри во интерес на најмладите.

Затоа, најавувам дека идната година, наградувањето на талентираните и наградени ученици ќе биде преку посебни јавни повици за три области: уметност, наука и спорт.

На овој начин, преку посебно специфицирани услови адекватни на областа во која ученикот се натпреварувал, ќе се даде можност за секој ученик кој постигнал високи резултати, да биде награден, зошто секоја област има своја тежина и специфики.

Ова мора да биде наш влог во нашата иднина – успешните млади луѓе, за кои имаме цел да ги задржиме мотивирани, инспирирани, полни со амбиција и желба за напредок.

Затоа драги ученици,

Ви благодарам на сите кои аплициравте на јавниот повик, ви благодарам на сите кои ја претставувате Битола на меѓународни и натпревари во државата, ви благодарам на сите кои со вашиот труд вложувате во себе, но и во иднината на нашиот град.

Им благодарам и на сите наставници, професори, ментори и директори кои се важна поддршка во животот на секој ученик.

Честитки до сите добитници на наградите! Верувам дека идната година ќе бидете уште поуспешни и секако многу побројни.

Нека ние е честит Денот на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски!”, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Денешниот настан беше збогатен со програма во изведба на учениците од Државното музичко училиште, општинското основно училиште „Свети Климент Охридски” и учениците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито”.

Continue Reading

Претходно: Минимално поскапување на струјата од 1ви Јануари за 0,92 отсто
Следно: Ќе се снима филм за Тоше, Министерството за дигитална трансформација ќе одвои околу 95 милиони денари

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани