Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Рецепти

Домашна сладолед-торта со малини – Идеална за летните денови

Шеталиште 02/07/2025 07:00
vanilla-raspberry-ice-cream-cake-87271-1

Лесна сладолед-торта со богат вкус на малина и кремлива ванила – идеална е за родендени, прослави и летни вечери

Состојки:

За кората:

  • 200 г мелени бисквити
  • 100 г стопен путер
  • 1 лажица млеко

За сладолед-филот:

  • 400 мл слатка павлака
  • 1 конзерва засладено кондензирано млеко (околу 400 г)
  • 200-250 г малини
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 1 лажица лимонов сок, по желба

За декорација:

  • свежи малини
  • рендано бело чоколадо или ливчиња бадем
  • ливчиња нане
Приготвување:

Најпрво, пригответе ја кората. Измешајте ги мелените бисквити со стопен путер и млеко и мешајте додека добиете хомогена смеса. Втиснете ја смесата во дното на калап (со пречник 20-22 см) обложен со хартија за печење. Ставете ја во фрижидер додека го приготвувате филот.

Потоа, пригответе го сладолед-филот. Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Во друг сад измешајте кондензирано млеко, ванила, сол и лимонов сок. Полека соединете го шлагот со оваа смеса. Додајте ги и малините: можете да ги оставите како парчиња, да ги згмечите малку со виљушка или да ги испасирате како пире – како сакате. Сето тоа убаво промешајте го за да се распоредат малините рамномерно.

Сипете го приготвениот фил преку кората. Израмнете и ставете ја тортата во замрзнувач најмалку 6 часа, идеално преку ноќ.

Пред послужување, извадете ја тортата 10 минути претходно за да можете полесно да ја сечете. Украсете ја со малини, бело чоколадо и нане за дополнителен визуелен ефект.

Ако не сакате да ја приготвувате кората, можете да ја сипете тортата директно во калап обложен со хартија и да ја послужите како „парфе“.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (02.07.2025)
Следно: Прилепски ученици втори на Европскиот квиз на пари во Брисел, меѓу 70.000 натпреварувачи

Поврзани вести

20261005092440_big_730x400_43
  • Рецепти

Здрави колачи

Шеталиште 05/10/2026 07:52
20261002084355_big_730x400_32
  • Рецепти

Пита со тиква

Шеталиште 02/10/2026 07:23
20261001092909_big_730x400_15
  • Рецепти

Есенска чорба

Шеталиште 01/10/2026 07:46
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 1
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 2
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 3
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20
Иранскиот министер за нафта поднесе оставка iran-zname 4
  • Свет

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

05/10/2026 05:59
Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови zname-2-640x427-107237-316064-1 5
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

05/10/2026 05:56

Можеби сте пропуштиле

image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04
japonija-660x500
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

Шеталиште 05/10/2026 07:57
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
20261005092440_big_730x400_43
  • Рецепти

Здрави колачи

Шеталиште 05/10/2026 07:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани