Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Домот за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола ја образложи потребата од корекција на цените на услугите

Шеталиште 26/01/2026 17:07
slika dom Sju rajder

Јавната општинска установа Дом за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола ја образложи потребата од корекција на цената на услугите за корисниците сместени во установата, посочувајќи дека зголемувањето е резултат на порастот на трошоците за секојдневно функционирање и обезбедување квалитетна грижа.

Како што информираат од Домот, цената за корисниците сместени со индивидуални договори се утврдува врз основа на реалните трошоци за набавка на стоки и услуги неопходни за задоволување на нивните потреби, како и согласно податоците од Државниот завод за статистика за порастот на трошоците за живот во претходната година.

Корекцијата на цените, според установата, е оправдана поради значително зголемување на трошоците за храна, електрична енергија, гориво за греење, средства за хигиена, плати на вработените, одржување на опремата и објектите, набавка на потрошен материјал, како и трошоци за транспорт до други институции, најчесто поврзани со здравствени и лабораториски услуги.

Врз основа на спроведена финансиска анализа на годишните расходи за просечен број од 150 корисници, колку што изнесува и постојано е исполнет сместувачкиот капацитет на Домот, утврдено е дека вкупниот просечен месечен трошок по лице изнесува околу 31.000 денари. Од овој износ, приближно 50 проценти се покриваат преку наменска дотација од Министерството за социјална политика, демографија и млади, преку Централниот буџет, и се однесуваат на платите и надоместоците на вработените.

Од Домот појаснуваат дека во анализираните расходи не се вклучени вложувања во нова опрема, освен трошоци за поправка и одржување на постојната опрема и мали набавки на ситен инвентар.

Согласно направената анализа, предложените коригирани месечни цени би изнесувале 12.000 денари за лица со делумна потреба од помош и нега, односно 395 денари дневно, и 15.000 денари за лица со целосна потреба од помош и нега, односно 493 денари дневно.

Дополнително, од установата наведуваат дека најголемиот дел од корисниците се пензионери, при што најниската старосна пензија изнесува 18.300 денари, што значи дека трошоците за сместување ќе можат да се покриваат од нивните сопствени приходи, без дополнителен товар за семејствата или старателите. Дел од корисниците остваруваат и право на надоместок за туѓа помош, кој исто така претставува дел од нивните лични примања, додека преостанатите средства ги користат за лекови и медицински материјали кои не се вклучени во цената, а се обезбедуваат преку здравственото осигурување.

Од Домот потсетуваат дека цените на услугите последен пат биле изменети во октомври 2013 година, кога изнесувале 9.711 и 11.737 денари по категории.

И покрај потребата од корекција од ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола нагласуваат дека како установа од областа на социјалната заштита, ќе продолжат да ги земаат предвид сите социјални и економски фактори кои влијаат врз можноста граѓаните да го остварат правото на сместување во рамки на нивните финансиски примања.

Фото: ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ – Битола

Continue Reading

Претходно: Јавен повик за кандидати за членови во управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Битола
Следно: Ефикасно и еколошко греење со топлински пумпи во градинката и училиштето во „Буковски Ливади“

Поврзани вести

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Шеталиште 07/09/2026 07:56
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 2
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 4
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани