Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ДОМ: Независноста ја обврзува Македонија да избере зелена и европска иднина

Шеталиште 08/09/2025 11:33
DOM

Денес на 8 септември ја одбележуваме независноста, денот кога пред 34 години граѓанките и граѓаните на Македонија ја потврдија својата волја за самостојна и слободна држава. Оваа историска одлука создаде политичка обврска кон идните генерации да градат општество на правда, одговорност и грижа за луѓето и природата, пишува во денешното соопштение на ДОМ, што МИА го пренесува целосно.

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) потсетува дека независноста е вредност која се брани секојдневно со чесна политика, со почитување на јавниот интерес и со визија за европска Македонија. Нашата определба е независноста да ја надградуваме со зелени политики што гарантираат здрава животна средина, правична економија и демократски институции.

Истовремено, независноста е и постојан потсетник дека државата им припаѓа на сите граѓани и граѓанки. Нејзината иднина не смее да биде заложник на корупцијата, клиентелизмот и краткорочните интереси на поединци и големите политички партии. Само преку отвореност, инклузивност и партнерство со граѓаните и граѓанките може да се изгради силна и отпорна демократија.

За зелената партија ДОМ, независноста има и еколошка димензија, бидејќи вистинската слобода е можна само во здрава и чиста животна средина. Борбата против загадувањето, правичната енергетска транзиција и заштитата на природните богатства се услов за идните генерации да живеат достоинствено во сопствената земја.

Во пресрет на претстојните избори, ја испраќаме пораката дека независноста не е завршена приказна, туку процес кој бара нова енергија и нова политичка чесност. Токму затоа, ДОМ заедно со „Коалицијата за зелена иднина“ ја гради алтернативата што ќе ја врати довербата во политиката, ќе обезбеди европска иднина и ќе им даде достоинствен живот на граѓанките и граѓаните.

Честит нека е Денот на независноста на Македонија!

ДОМ

Continue Reading

Претходно: Честитка од ВРЕДИ по повод Денот на независноста
Следно: Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница

Поврзани вести

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации cestitka-vmro 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани