Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Донација во пресрет на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ

admin 07/06/2024 00:00
Messenger_creation_0c96a3ea-7fdc-45b2-b6f0-b0db3decfef7

Вчера, дворот на општина Битола беше точка за едукативна и атлетска соработка бидејќи наставниците по физичко образование и директорите на основните училишта се собраа да добијат донации. Овие донации, обезбедени од организаторите на познатата градска трка Трчај бе и Атлетската федерација на Македонија, опфатија основна атлетска опрема за 12 основни училишта во општина Битола и 3 во општина Могила.

Како дел од кампањата за пријавување на трката под слоганот “Мали чекори за големи соништа”, претходно организаторите донираа и 50 стартни пакети за децата од социјално загрозените семејства, обезбедувајќи повеќе деца да имаат можност да учествуваат и да уживаат во трката.

Овој гест е доказ за посветеноста на организаторите Трчај бе и на Атлетската федерација на Македонија во поддршката и на децата и на едукаторите посветени на негувањето на младите атлетски таленти. На настанот присуствуваа Никола Димитровски-организатор на Трчај бе, Димитар Петровски-секретар на Атлетската федерација на Македонија и градоначалникот д-р Тони Коњановски, заедно со претставници на училиштата, за да ја предадат донацијата.

Никола Димитровски, организаторот на Трчај бе изјави: „Сите ние сакаме да ги поддржиме нашите училишта и да им ги дадеме на децата алатките што им се потребни за здрав, активен живот. Битола има богата историја во атлетиката со АК Олимп кој замре и се подзаборави, па ние го возобновивме со раѓањето на големата трка пред шест години, враќајќи го атлетскиот дух на градот кој дал незаборавни национални рекорди. Денес, новите спортски надежи на битолската атлетика нижат успеси, не се враќаат од натпревар без освоен пиедестал. Оттука и идејата за детско издание на Трчај бе, под името Мини Трчај бе кое го започнавме минатата година, не е само трка, тоа е прослава на иднината на нашите млади идни спортисти“

Димитар Петровски, секретарот на Атлетската федерација на Македонија, истакна: „Оваа заедничка иницијатива меѓу АФМ и Трчај бе ја покажува нашата посветеност за негување на младите таленти и промовирање на атлетиката во сите заедници. Горди сме што стоиме со Оштина Битола во ова и се трудиме и работиме на поттикнување на интересот за атлетиката во помалите општини, па таков пример е Могила. Оваа донација е доказ за нашата посветеност. И така продолжуваме”.

Градоначалникот д-р Тони Коњановски изрази благодарност истакнувајќи: „Денешниот настан е светол пример за тоа како соработката и духот на заедницата можат да направат вистинска разлика.
Битола е град на спортот, горд сум што има бројни спортски клубови и здруженија кои го поддржуваат спортскиот развој на нашите деца. А овој пример на Трчај бе со АФМ е добар начин за поврзување на клубовите со образованието и заедницата. Со нетрпение очекуваме да ја видиме радоста и возбудата на лицата на нашите млади учесници оваа недела“.

МИНИ ТРЧАЈ БЕ ќе се одржи во недела на 9 јуни, на градското шеталиште во Битола.

Continue Reading

Претходно: Речиси распродадени картите за 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, вечерва започнува со „Хеда Габлер“ на Драмски
Следно: Успешно спроведена 12та по ред крводарителска акција на КС Групација

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани