Нови државни прваци во тенис за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во финалните мечеви ги совладаа Теона Андова и Амар Хусеиновиќ.
За титулата машки шампион во тенис на Македонија во финалето кое траеше неполни три часа, Стефан Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак, откако со 2-1 во сетови (61 67 64) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој заврши со 6:1 во гемови, Мицов беше пред триумф и водеше со 4:2 во гемови во вториот сет и 40/0 на свој сервис, но Хусеиновиќ успеа да направи пресврт да изедначи на 4:4 и потоа да го добие тај-брејкот со 7:2 на поени.

Во решавачкиот сет пак, Хусеиновиќ имаше водство од 4:1 во гемови, а Мицов направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:4, а со тоа и мечот. Притоа во осмиот гем за изедначување беа одиграни околу 20 поени, а гемот траеше околу десетина минути – што се покажа и како решавачко.
Во женското финале, Сара Митевска ја совлада Теона Андова и стана за прв пат шампионка во своето прво финале на Државно првенство и тоа без загубен гем со 2-0 во сетови (60 60). Во конкуренција на двојки Кристијан Јанев и Ерион Незири се новите шампиони откако во финалето со 2-0 во сетови (61 64) ги победија Иван Манасов и Виктор Сушелски.

