Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

ДСЗИ: Медицинската документација за починатото новороденче е уредно водена од двете болници

admin 16/11/2023 00:00
bolnici

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не констатирал недостатоци во водењето на медицинската документација во прилепската болница и во Клиниката за детски болести во Скопје. ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во двете болници откако новороденче од Прилеп, старо десет дена, почина од сепса на Детската клиника во Скопје.

Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, вели дека нивна надлежност била да ја испитаат целосната документација и за родилката и за новороденчето.

„Ниту во прилепската болница ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот се подготвува и треба да биде готов во текот на денот“, вели Младеновска за МИА.

За овој случај министерот за здравство Фатмир Меџити најави формирање стручна комисија, а прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет по пријава на родителите на починатото новороденче.

Веста за смртта на новороденчето одекна откако мајката на починатото бебе проговори за случајот на своите социјални мрежи. Рече дека родила здраво машко дете на 27 октомври, а два дена по породувањето лекарите во прилепската болница ѝ кажале дека новороденчето треба да се зрачи поради жолтица. Детето било препратено на лекување на Детската клиника во Скопје со објаснување дека таму има подобра опрема за лекување на жолтица.

Во објавата на социјалните мрежи, мајката на починатото дете ја обвинува прилепската болница за негрижа и лоша хигиена во родилиштето.

Од Детската клиника рекоа дека новороденчето било донесено во тешка состојба, на кислородна поддршка, а кратко потоа состојбата се влошила. Во меѓувреме откажале бубрезите на новороденчето, па седум дена од приемот на скопската клиника тоа починало. Сите анализи, велат од Клиниката, укажувале на рана сепса која била добиена во текот на пораѓањето.

Ексдиректорката на Клиниката за детски болести, доктор Аспазија Софијанова, изјави дека рана инфекција или сепса кај новороденче најчесто настанува или поради интерхоспитални бактерии или поради инфекција која евентуално би ја имала мајката. Но, тоа допрва треба да се испита.

 

Continue Reading

Претходно: Ако косата ви опаѓа повеќе деновиве – не сте сами
Следно: Почина Мето Јовановски, бард на македонскиот театар

Поврзани вести

pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани