Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Дубаи го затвора најпрометниот аеродром во светот

Шеталиште 28/05/2026 12:04
dubai-international-airport-dxb-720x480-1

Меѓународниот аеродром во Дубаи, DXB, е на пат трајно да се затвори до 2035 година, по повеќе од шест децении работа, додека сите операции постепено ќе се префрлат на Меѓународниот аеродром Al Maktoum, DWC. DXB е отворен во 1960 година и со години важи за најпрометниот аеродром во светот според меѓународниот патнички сообраќај.

Преместувањето е дел од огромниот план на Дубаи да го претвори DWC во најголемиот авијациски центар во светот. Проектот предвидува проширување вредно десетици милијарди долари, со капацитет до 260 милиони патници годишно кога целосно ќе биде завршен.

Со префрлањето, сите летови и услуги што сега се одвиваат преку DXB треба да преминат на DWC, вклучувајќи ги и операциите на Emirates и flydubai. Според најавите, првата голема фаза на преместување може да се случи околу 2032 година, додека трајното затворање на DXB се очекува до 2035 година.

Главната причина за оваа одлука е тоа што DXB веќе нема простор за големо физичко проширување. Аеродромот е опкружен со густо урбано подрачје, автопати и станбени населби, што го ограничува неговиот понатамошен развој.

DWC, пак, е замислен како аеродром на иднината. Проширувањето предвидува пет паралелни писти и до 400 излези за авиони, со инфраструктура што треба да го позиционира Дубаи како уште посилен глобален центар за патувања, логистика и авијација.

Извршниот директор на Dubai Airports, Paul Griffiths, претходно објасни дека нема смисла долгорочно да се управува со два големи хаба толку блиску еден до друг. Според него, кога DXB ќе стигне до крајот на својата оперативна улога, одржувањето на двата аеродроми би барало огромни дополнителни вложувања.

Плановите за новиот аеродром вклучуваат и паметни аеродромски системи, објекти насочени кон патниците и подобра поврзаност. Се споменува и можност за поврзување со брзата железница Etihad Rail, која би го скратила патувањето меѓу Дубаи и Абу Даби.

Иако DXB ќе остане еден од симболите на модерниот Дубаи, неговото затворање треба да означи почеток на нова фаза во глобалната авијација. Со DWC, емиратот не само што сака да го задржи статусот на еден од најважните воздушни центри во светот, туку и да ја постави основата за следните децении на масовен меѓународен сообраќај пренесува трн.мк

Continue Reading

Претходно: За бизнис што те движи напред: Време е за следниот чекор
Следно: Ристески: Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување – мора да се казнува секој што го прекршува законот

Поврзани вести

5467890
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Младата и талентирана Младеновска со трансфер во Бундеслигата (Фото)

Димитар Петковски 14/06/2026 18:51
image-253638
  • Свет

Пад на цените на нафтата по најавите дека САД и Иран се блиску до мировен договор

Шеталиште 12/06/2026 11:52
Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 1
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 2
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18
Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 3
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 4
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28

Можеби сте пропуштиле

DSC02056
  • Промо

КС Групација ја реализираше својата 18- та крводарителска акцијa

Шеталиште 17/06/2026 09:46
Sonce
  • Занимливости

Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

Шеталиште 17/06/2026 09:34
190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
horoskop
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.06.2026)

Шеталиште 17/06/2026 07:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани