Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Дури 99,999 отсто од златото се наоѓаат во јадрото на Земјата – но, не можеме да стигнеме до него

Шеталиште 11/09/2026 07:45
zlato

Огромен дел од златото на Земјата не се наоѓа во рудниците, трезорите или банките, туку – под нашите нозе, во јадрото на планетата. Новите истражувања, имено, укажуваат на тоа дека само мал дел од овој метал можеби стигнува до површината.

Геохемичари од германскиот Универзитет на Гетинген ги објавија резултатите од истражувањето во списанието „Нејчр“ (Nature). Според наодите, материјалот од јадрото на Земјата може да се преместува и на крајот да стигне, на пр. до вулканите кај Хаваите. Тимот, предводен од Нилс Меслинг и Матијас Вилболд, откри хемиски траги коишто укажуваат на тоа дека границата меѓу јадрото и земјиниот плашт не е целосно затворена, како што долго време се веруваше. Пред повеќе од 4,5 милијарди години, додека Земјата сè уште била врела, најтешките елементи – како што се златото, платината и рутениумот тонеле кон центарот на планетата. Овој процес, познат како диференцијација на јадрото и плаштот, резултирал со тоа што над 99,999 отсто од вкупното количество злато останале заробени во длабочината на приближно 3.000 км под површината.

Како резултат на тоа, златото е релативно ретко во Земјината кора – не затоа што го нема, туку зашто речиси целото завршило во јадрото.

Истражувачите не пронашле вистинско злато во лавата на Хаваите. Наместо тоа, проучувале базалти собрани од овој архипелаг – вклучително и примероци од активното езеро од лава на вулканот Килауеа, и откриле необичен изотопски потпис на металот рутениум, поточно на изотопот рутениум-100.

Претходните истражувања покажаа дека јадрото и плаштот имаат различни изотопски односи на овој елемент. Во доцните фази од формирањето на Земјата, нов материјал го изменил составот на плаштот, но не стигнал до јадрото – ова создало хемиски „отпечаток“ што им овозможува на научниците да направат разлика меѓу материјалот што потекнува од овие два дела на планетата. Токму овој отпечаток бил пронајден во карпите од Хаваи, заедно со необични вредности за изотопите на волфрам – уште еден елемент поврзан со материјалот од јадрото.

Според авторите на истражувањето, спојот од овие два показатели дава силни докази дека дел од материјалот од јадрото завршил во карпите кај хавајските вулкани.

Хаваите, всушност, не се избрани случајно. Се смета дека вулканите во оваа област се создаваат како резултат на длабок столб од жежок материјал што се издига речиси директно од границата меѓу јадрото и плаштот, што ги прави островите – совршено место за трагање по вакви хемиски траги.

Како материјалот од јадрото стигнува до површината? Научниците разгледаа две можни објаснувања.

Од нив, првото укажува дека мала количина метал од јадрото директно се меша со материјалот во долниот плашт. Сепак, оваа можност би резултирала и со зголемени концентрации на злато и платина во вулканските карпи. Тоа не е забележано.

Затоа пак, втората хипотеза подобро се совпаѓа со резултатите. Според неа, јадрото на Земјата многу бавно се лади, па на неговата надворешна граница можат да се создадат тенки слоеви од метални оксиди богати со рутениум и волфрам – но, не и со злато или платина. Материјалот од овие слоеви би можел да навлезе во столбовите од материјал што се издигаат од плаштот и на крајот да заврши во лавата, оставајќи карактеристичен хемиски белег без притоа да ја зголеми содржината на злато.

Според Матијас Вилболд, резултатите укажуваат на тоа дека јадрото на Земјата не е целосно изолирано од остатокот на планетата, како што се мислеше претходно. Сепак, истражувачите нагласуваат дека количината на материјал што стигнува до површината е исклучително мала и дека хавајските вулкани не претставуваат нов извор на злато.

Нилс Меслинг го опиша овој процес како многу бавно враќање на одамна закопано богатство, но напомнува дека дури идните истражувања ќе откријат дали размената на материјал меѓу јадрото и плаштот се одвивала низ целата историја на Земјата, или пак, станува збор за феномен специфичен за тековната геолошка ера. Следниот чекор ќе биде истражување на други подрачја на Земјата за коишто се смета дека се градени со длабоки столбови од жежок материјал од плаштот, како што е Источна Африка. Доколку таму се открие истиот хемиски потпис, тоа би можело да потврди дека размената на материјал меѓу јадрото и плаштот не е аномалија својствена само за островите Хаваи, туку е еден од фундаменталните процеси што ја обликувале внатрешноста на нашата планета во текот на милијарди години постоење.

Извор: МИА / Фото: Пиксабеј

Continue Reading

Претходно: Меркур можеби се намалил значително повеќе во својата историја отколку што досега се веруваше
Следно: Колач со сливи и џем од сливи

Поврзани вести

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани