Д-р Ана Талевска Јолевска, специјализант по интерна медицина и иден советник од редовите на ЛДП Битола, вели дека младите мора да ја гледаат својата иднина во Битола – град кој ќе понуди современи решенија и подобар квалитет на живот.
„Битола треба да биде град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина – модерен, зелен и здрав за живот“, истакнува таа, додавајќи дека приоритет е намалување на загадувањето.
Според неа, превентивните стратегии што успешно се применуваат во европските центри мора да се воведат и во нашиот град.
Меѓу предложените мерки Талевска Јолевска ги посочува: подобрување на јавниот превоз, развој на велосипедски патеки, стимулирање на користење електрични тротинети и зголемување на зелените површини.
„Со современи политики и вистинска поддршка, можеме да изградиме град во кој младите ќе останат и ќе создаваат иднина“, порача таа.
ФОТО: ЛДП Битола

