Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Вести
  • Македонија

Д-р Докиќ: Пациентите со грип кои се постари и со придружни болести, да доаѓаат во болница при најраното влошување

admin 17/01/2024 00:00
докиќ

Грипот и респираторните инфекции ги полнат амбулантите на матичните лекари но и на специјалистите. Пациентите имаат симптоми како течење на носот, затнатост, гребење во грлото, отежнато голтање, омалаксаност, висока температура, нагони на повраќање, намален апетит и дехидрираност како дел од симптомите. На Инфективната клиника хоспитализирани се осум пациенти со грип и петмина со ковид и бронхопневмонија. Во болницата дневно има околу 70 прегледи за пациенти кои добиваат симптоматска терапија. Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, доктор Дејан Докиќ за „Слободен печат“ вели дека во болницата има шестмина хоспитализирани пациенти со грип и двајца кои штотуку си заминале излекувани.

-На почетокот од годинава двајца пациенти починаа на возраст од 61 и 58 години. Беа со многу тешки коморбидитети и доцна се дојдени, со висока температура. На одделението имаме тамифлу и секој новооткриен пациент добива од лекот и затоа нема проблеми. Грипот кај пациенти кои имаат нормален имунитет и кои немаат многу тешки коморбидитети нема да доведе до смртен исход. Ако дојде до тешка клиничка слика кај оние што се постари и кои имаат коморбидитети препорачувам веднаш да отидат во болница. Другите не мора да ги оптоваруваат болниците туку да одат на матичен лекар каде ќе бидат третирани. Таму ќе им биде препишан тамифлу кој е антивирусен лек против инфлуенца конкретно и треба да се земе во првите два дена од почеток на симптомите. Колку порано се даде, толку поголем ефект има, го намалува размножувањето на вирусот и не доаѓа до потешка клиничка слика, препорачува доктор Докиќ.

Според извори од Комисијата за заразни болести, врвот на сезоната на грип во земјава се очекува за две до три недели. Вакцинацијата е исклучително важна за пациентите кои што се во ризичните групи, односно за лицата на возраст над 60 години, за бремените жени и за лицата со хронични болести. Онаму каде што имунитетот е опаднат, постои поголем ризик грипот да доведе до потешка клиничка слика. Комисијата за заразни болести поради тоа што состојбата со грипот се влошува, препорача да се носат маски во здравствените установи и забрани посети.

Во специјализираната болница за геријатриска и палијативна нега „13 Ноември“ Скопје, овие мерки се веќе на сила од почетокот на годинава, информира за „Слободен печат“ директорката, доктор Салија Љатиф Петрушoвска.

-Уште на почетокот на јануари имавме неколку случаи на грип меѓу пациентите во болницата. Поради тоа што не тестираме лица за грип при влезот, мораме сите да ги сметаме за потенцијално заразни. Нашата Комисија за интрахоспитални инфекции заседаваше уште на почетокот на годинава и воведовме забрана за посети и задолжително носење маски за оние случаи каде по исклучок посетата ја дозволуваме. Светската здравствена организација имаше реакција дека забраната за посета може да биде трауматична, така што генерално, забраната за посети се почитува освен за исклучоци, а тоа се пациентите кои се во терминален стадиум на болеста, каде што посетителите влегуваат со посебни маски. Инаку имаме болни од грип но генерално се добри. Се дава симптоматска терапија и онаму каде што треба и антибиотска, така што немаме проблеми, изјави за „Слободен печат“ доктор Љатиф Петрушoвска.

Комисијата за заразни болести апелира да се вакцинираат особено луѓето кои се во ризичните групи, постарите граѓани над 60 години, бремените жени, луѓето со хронични болести. Годинава Министерството за здравство набави 60 илјади четиривалентни вакцини против грип и речиси сите се потрошени, но има и преостанати дози на вакциналните пунктови. Препораката е граѓаните да се вакцинираат, а за оние што не се во ризичните категории, на располагање се комерцијални вакцини против грип по цена од 700 денари и може да се најдат во центрите за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје велат дека во првата недела од годинава од први до седми јануари, пријавени се 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО.

Грипот е акутно заболување на дишните патишта, предизвикано од вирусите на инфлуенца тип А и Б, кое најчесто се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период. Во овој период, чести се и инфекциите со други респираторни вируси кои имаат исти или слични симптоми со грипот. Во пракса, тешко може да се направи разлика дали се работи за грип или обична настинка само врза база на симптоматологијата, ако не се направи лабораториска, односно микробиолошка потврда на причинителот на заболувањето.

Грипот има ненадеен почеток со висока температура, главоболка, општа малаксаност, истоштеност, болки во мускулите и зглобовите, црвено и болно грло, гребење во грлото, солзење во очите и секреција од носот, како и кашлица која најчесто е сува, непродуктивна. Секој заболен не мора да ги има сите наброени симптоми, а кај дел од заразените лица болеста може да помине и без симптоми (според податоци од некои студии тој процент се движи од 20-30 проценти), или пак со благи симптоми на настинка.

Се смета дека годишно во светот околу 3-5 милиони луѓе заболуваат од тешки форми на грип, а околу 250-500 илјади од нив умираат. Податоците од едно големо болничко истражување спроведено во САД, покажаа дека бројот на хоспитализации е зголемен за 100-170 проценти во тек на епидемија на грип, или тоа изнесува околу 650.000 хоспитализации во светот секоја година.

Грипот исто така може да предизвика значителен економски ефект врз работоспособноста на населението. Една студија која го разгледувала влијанието на грипот врз отсуствата од работното место, објавила дека во индустријализираните земји, до 61 милиони работни денови се губат поради грип секоја година, а просечниот број на изгубени работни денови изнесувал од 3,7-5,9 дена.

Вкупниот проценет трошок од типична сезонска епидемија на грип во развиените земји може да достигне до 63 милиони американски долари на 1 милион жители.

Continue Reading

Претходно: ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени од грип
Следно: Спасителна акција утрово на Галичица, се заглавиле во снег

Поврзани вести

Dario Benderovski
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

Шеталиште 08/07/2025 12:59
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари

Шеталиште 08/07/2025 12:57
VMRO-DPMNE-ZNAM
  • Вести
  • Македонија

Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски

Шеталиште 08/07/2025 12:57
300_X_250
300X250
300 x 250
Веб Банер Голд Слот
WEBIART-BANER

Тренд Вести

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори Dario Benderovski 1
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

08/07/2025 12:59
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари vmro-dpmne 2
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии со подметнување пожари

08/07/2025 12:57
Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски VMRO-DPMNE-ZNAM 3
  • Вести
  • Македонија

Преговорите за соработка со ЗНАМ и ВРЕДИ одат во добра насока, оцени Мицкоски

08/07/2025 12:57
Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО Ohrid6-1-scaled 4
  • Вести
  • Македонија

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

08/07/2025 12:50
Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите Dragana Bojkovska 5
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Со ребалансот на Буџетот за 2025 година за прв пат после седум години не се крати од младите

08/07/2025 12:44

Можеби сте пропуштиле

Kajsija
  • Моја кујна
  • Рецепти

Панакота од кајсии – летна магија

Шеталиште 08/07/2025 13:10
Ajron Majden
  • Забава
  • Шоубиз

„Ајрон мејден“ на специјални монети на британската Кралска ковачница

Шеталиште 08/07/2025 13:04
1_cokolado
  • Забава
  • Занимливости

Македонците јадат 11,8 грама чоколадо на ден

Шеталиште 08/07/2025 13:02
Dario Benderovski
  • Вести
  • Македонија

Бендеровски: Кандидатот на СДСМ за Могила е човек со кривични пријави, кој досега има неколку пати изгубено на избори

Шеталиште 08/07/2025 12:59

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање

2025 © Сите права се задржани