НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Д-р Петличковски: Во Македонија владее сезонскиот грип, граѓаните да не паничат

Грипот почна забрзано да се шири низ Македонија, па за момент во сенка ја стави пандемијата со ковид – 19, која се уште не е завршена.

Сепак, лекарите потенцираат дека грипот и другите вирози се во фокусот, а загадениот воздух го засилува ширењето на респираторните вируси.

На оваа тема разговараме со д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, кој ја смирува тензијата кај повеќето вознемирени граѓани. Тој за „Слободен печат“ истакна дека станува збор за сезонски грип, вообичаен за секоја година.

– Нема потреба од паника, се наоѓаме во период во кој почнува сезоната на вообичаениот грип. Оваа сезона трае околу 15 седмици, а сега се наоѓаме на почетокот од истата, па логично и очекувано е бројките на луѓе со грип да се зголемуваат. Според мене, не треба веднаш да се конзумираат антибиотици на своја рака, граѓаните секогаш треба да се советуваат со матичниот лекар. Витамините и хидрацијата се неопходни, па затоа советувам напитоците како чај, вода и овошни сокови да бидат дел од секојдневното мени на пациентите кои веќе имаат развиено симпотми на сезонски грип, изјави д-р Александар Петличковски.

Д-р Петличковски воедно упати и апел до сите кои се на возраст над 65 години, имаат здравствени проблеми или се бремени жени, дека е неопходно да се вакцинираат против сезонскиот грип еднаш годишно.

Поврзани новости