Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
foka-jona-780x470

Христијански празник кој нè потсетува на силата на проштевањето, покајанието и новиот почеток!

Православните верници од Македонската православна црква денеска, на 5 октомври, го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Јона и Светиот свештеномаченик Фока – ден кој векови со себе носи силна порака за покајание, верба и шанса за нов почеток.

Овој ден е совршена можност за секој од нас да застане за момент, да ги преиспита сопствените постапки и, доколку на некого му има замерено, да го направи најважниот чекор – да прости.

Чудото на Светиот пророк Јона

Приказната за старозаветниот пророк Јона е една од најпознатите и најпоучните во Светото писмо.

Според преданијата, Тој бил син на вдовицата од Сарепта Сидонска, кого пророкот Илија го воскреснал од мртвите.

Кога Господ му дал задача да отиде во градот Нинива и да ги предупреди жителите да се покајат за своите гревови, Јона се обидел да побегне од сопствениот повик и се качил на брод за да замине на другата страна. Тогаш настанала голема бура, а тој, сфаќајќи дека неговата непослушност е причина за несреќата, побарал да биде фрлен во морето.

По Божја волја, голема риба (кит) го проголтала Јона, каде што тој престојувал три дена и три ноќи во искрена молитва и покајание. Неговото тридневно престојување во утробата на китот и потоа неговото спасување, во христијанството се смета за праобраз на тридневното престојување на Исус Христос во гробот и Неговото воскресение од мртвите.

Тропар

Јона, пророкот Божји, денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова, Оној Kој човекот го создаде, Тој и го љуби. Kако дете Јона Бог го воскресна, како возрасен во познание беше приведен, о, Христе на Твоето триденевно во земја престојување. Пророче, ти кој стана труба која на покајание повикува, моли се своите гревови да ги препознаеме, и со пост и молитва кон Христа да припаднеме.

Свети свештеномаченик Фока

Заедно со пророкот Јона, денеска се слави и Свети Фока, епископот Синопски, кој уште од најрана младост се одликувал со големи христијански добродетели. Со своите зборови и личен пример обратил многу идолопоклоници во вистинската вера.

Поради тоа претрпел големи мачења во времето на царот Трајан, но ниту за момент не се поколебал во својата љубов кон Бога, преселувајќи се во вечноста со маченички венец.

Тропар

Го подготви срцето твое, Фоко свештеномачениче за Господа, и ниедна стихија земна не ја допре верата, која ти на Него ја положи, ниедно мудрување човечко ревноста не ја намали, венценосецу на кого Небото видливо рака положи. Радувај се и за нас моли се благодетен Божји угодниче.

Обичаи и верувања поврзани со денешниот ден

Приказната за денешните светители нè потсетува на неколку темелни вредности. Една од нив е признавање на грешките – ниту еден човек не е без грев, но важно е да се има храброст да се признае грешката. Ако некој ве повредил, денес е вистинскиот момент да му простите и да си го олесните срцето и откријте ја силата на проштевањето.

.Грешката не е крај на патот – за искрено покајание и нов почеток никогаш не е доцна, така што секогаш имате втора шанса.

Молитва за мир, здравје и заштита на семејството

Верниците кои денешниот ден сакаат да го минат во мир и духовно да закрепнат, нека се помолат во црква. Денешниот празник најдобро се одбележува со одење во црква, палење свеќа за здравје на најблиските и искрена молитва за мир во домот.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (05.10.2026)
Следно: Здрави колачи

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани