Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
mkd-bul-1

Машката сениорска репрезентација на Македонија понуди голема борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија, на отворањето на ЕвроВолеј 2026 во полната Арена „8888“ во Софија.

Македонија загуби со 0:3 (17:25, 19:25, 18:25) но покажа дека може да им пркоси на фаворитите.

Имавме одговор за ривалот, на моменти имавме и контрола на резултатот, но за жал не успеавме комплетно да го скротиме нивниот силен сервис и цврстиот блок.

Одлично отворивме со водство од 2:0, односно 5:3, а егал се држевме до 16:15 во првиот сет. Но Бугарите нападнаа со силен сервис, потоа се надоврза и блокот, а заедно со техничките грешки во нашите редови домаќинот го освои сетот со 17:25.

Во вториот сет Македонија повторно делуваше сигурна. Имавме и добра игра на мрежа, проработе блокот и отворивме со водство од 8:5. Бугарија успеја да се врати, изедначи на 8:8, а поен за поен игравме до 18:18. Со серија од 0-6 во финишот Бугарија стигна до водство од два сета, 19:25.

Третиот сет противникот го започна со водство од 3:5, но со серија на Александар Љафтов нашата репрезентација направи низа од пет поени за предност од 7:5, за нова битка поен за поен. Во игра се држевме до 13:13, а потоа Бугарија направи серија од 7-0 (20:13), односно со 25:18 дојде до максимална победа.

Кај Македонија, капитенот Никола Ѓоргиев освои девет поени, Александар Љафтов и Филип Савовски имаа по пет поени, додека Филип Маџунков запиша четири, а Стојан Илиев три поени.

Македонија во второто коло од групата Б в петок се соочува со Украина.

Continue Reading

Претходно: Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано
Следно: ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Поврзани вести

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 4
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 5
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани