Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Европскиот форум Алпбах: Можност за младите од Македонија да бидат дел од европскиот дијалог

Шеталиште 10/03/2026 16:14
IMG_1565

Европскиот форум Алпбах претставува една меѓународнa платформa која повеќе децении обединува студенти, млади професионалци, академици, носители на одлуки и експерти од различни области. Секоја година, во алпското село Алпбах во Австрија, се отвора простор за дијалог и размена на идеи за клучни европски и глобални прашања.

Форумот трае две недели, од 24 август до 4 септември 2026 година, a oвогодинешната тема на Форумот е „Како Европа победува?“, тема која ги повикува учесниците да размислуваат за иднината на Европа, нејзините предизвици и можностите за заеднички напредок.

Еден од најважните сегменти на Форумот е Стипендиската програма, која овозможува учество на млади луѓе на возраст од 18 до 30 години. Преку оваа програма, избраните учесници добиваат пристап до академски семинари, тематски дискусии и разговори со водечки експерти и носители на политики.

Апликациите за Стипендиската програма на Европскиот форум Алпбах се отворени во периодот од 2 до 22 март 2026 година. Повеќе информации за програмата и условите за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Европскиот форум Албах.

За многумина млади луѓе, учеството на Форумот претставува искуство кое значајно влијае на нивниот професионален и личен развој. Ана Софеска, стипендистка од 2024 година, го опишува своето искуство како незаборавно: „Алпбах беше место каде што младите луѓе отворено разговараат за иднината на Европа и за тоа како можеме да придонесеме кон поправедно и поодржливо општество. Освен академските дискусии, најсилен впечаток ми остави енергијата на младите учесници, нивната самодоверба, знаење и подготвеност да ги споделат своите идеи”.

Според неа, посебна вредност имаат и семинарите, каде учесниците работат на практични задачи и сценарија кои ги поврзуваат теоријата и реалните предизвици во општеството.

„Тоа беше искуство кое ми помогна да видам како изгледа мојата професија во пракса и ме поттикна да размислувам поотворено и похрабро“, додава таа.

Искуството на Форумот го истакнува и Ана Марија Наумовска, стипендистка од 2025 година, која нагласува дека Алпбах претставува простор за критичко размислување и визионерски идеи за Европа.

„Европскиот форум Алпбах обединува млади луѓе од целиот свет со лидери од политиката, науката, бизнисот и културата. Токму таа размена на идеи и перспективи создава чувство дека навистина можеме да придонесеме кон градење на посилна и подемократска Европа“, вели Наумовска.

Македонија на Форумот е претставена преку Клуб Алпбах Македонија, национално здружение кое повеќе од две децении активно работи на промовирање на вредностите на дијалогот, демократијата и меѓународната соработка. Клубот претставуваплатформа за поврзување на младите луѓе со експерти, институции и организации, како и за поттикнување на нови иницијативи и партнерства.

Учеството на македонските стипендисти на Форумот не се ограничува само на присуство на предавања и дискусии. Тие често се вклучуваат и како организатори и модератори на настани, со што активно придонесуваат во разговорите за европската иднина. Истовремено, преку културни настани и активности како Меѓународниот базар, тие ја претставуваат македонската култура и традиција пред учесници од целиот свет.

По завршувањето на Форумот, стипендистите остануваат активни во рамките на Клуб Алпбах Македонија, организирајќи настани, дискусии и иницијативи со кои го пренесуваат духот на Алпбах и во локалната заедница. На тој начин, искуството од Форумот продолжува да живее и да инспирира нови генерации млади луѓе.

Отворањето на апликациите за Стипендиската програма претставува можност за младите од Македонија да станат дел од оваа глобална мрежа на идеи, знаење и соработка. Европскиот форум Алпбах, како што велат и самите учесници, не е само академски настан, туку и место каде се создаваат нови перспективи, пријателства и иницијативи кои имаат потенцијал да влијаат врз иднината на Европа. За сите прашања и дополнителни информации, посетете гo официјалниот профил на Клуб Алпбах Македонија.

Continue Reading

Претходно: Пет ирански фудбалерки избегале од хотелот, министерот за внатрешни работи на Австралија му понуди хуманитарни визи!
Следно: Исплатени 30,3 милиони денари дополнителна поддршка за 243 земјоделци

Поврзани вести

7eb0cf77cc15d1e1
  • Промо

Уживајте во летото со комплетно подготвено возило

Шеталиште 06/08/2026 13:49
_-_1200_x_630
  • Промо

Август со Минт Кредит: Летото сè уште има што да понуди

Шеталиште 06/08/2026 08:09
_мintins_
  • Промо

На одмор носите сè. Освен грижите – со вистинската заштита

Шеталиште 31/07/2026 11:13
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 1
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 2
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 3
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 4
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 5
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59

Можеби сте пропуштиле

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани